• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

10 Причини зошто да не го плескате своето дете

by РиД 25/01/2013 0 Comment
 10 Причини зошто да не го плескате своето дете

Веројатно сте виделе мајка како го плеснува своето дете, бидејќи не се однесува како што треба или бидејќи погрешило. Или можеби вие ја применувате оваа дисциплинска мерка, бидејќи едноставно сакате да го дисциплинирате неговото лошо однесување, а следниот пат да знае дека треба да ве послуша.

Скоро 70% од децата секој дневно добиваат по некој „мал удар“ од родителите како опомена за нивното однесување. Но, според истражувањата направени од стручни лица, плескањето не само што не го менува однесувањето на детото, туку го прави да биде агресивно, анти- социјално и предизвикува проблеми во менталното здравје.

Еве 10 причини поради кои не треба да го плескате детето:

1. Плескањето само ќе го спречи детето некое време да не се однесува лошо. Но причината поради која се однесува така најчесто е поради тоа што не знае како да реши некој проблем.

2. Плескањето не го учи детето да се однесува добро, туку како да не биде фатено следниот пат кога ќе направи грешка. Всушност го учи како да манипулира.

3. Казнувањето не им овозможува на децата да дознаат што направиле погрешно. На тој начин тие стануваат несигурни, наместо да станат личности кои сакаат да ги сменат погрешните постапки и однесување.

4. Удирањето ќе го научи детето да ги решава проблемите со удирање. Треба да ги научите децата да ги прифаќаат и решаваат проблемите без насилство.

5. Плескањето ги учи децата да се однесуваат и да ги решаваат проблемите со физичко казнување, а не да се контролираат и да се соочуваат со проблемите.

6. Плескањето им испраќа погрешна порака на децата, бидејќи сè уште се мали и не можат да разберат многу нешта, како возрасните.

7. Плескањето е пречка за развој на детскиот морал. Воспитувајќи го на тој начин можеби ќе успее да не ги прави истите грешки повторно, но само поради чувство на вина и од страв дека пак ќе биде казнето. А не бидејќи сака да ги прави вистинските и правилните работи.

8. Удирањето го спречува развојот на чувството на емпатија кај децата. Емпатијата е способност да се биде чувствителен на туѓите чувства и е важна за моралниот развој. Според истражувањата емпатијата кај децата исчезнува кога родителите ги воспитуваат со гнев и контрола, а не со сочувство, љубов и разбирање.

9. Со удирањето детето се запознава со светот на насилство. Удирањето е агресивен акт, а вие како родители само му го покажувате на детето.

10. Удирањето не го учи детето на добри манири, туку како да вика, удира, манипулира и контролира некој друг и да се плаши од него. Исто така значи дека не сте успеале да го научите на дисциплина своето дете.

Една работа која треба да ја запомните е дека целта на дисциплинирањето е да ги научите децата да станат одговорни, во било која ситуација. И сè уште постојат многу начини на кои можете да го научите детето на дисциплина – зборувајќи смирено, љубезно, поддржувајќи го со разбирање, сочувство, љубов и почитување, тоа е ефективен начин да израснете одговорно и воспитано дете. Дисциплинирањето на детето со љубов, е подобро од дисциплинирањето базирано на страв.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 422

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: deca discipliniranje udiranje vospituvanje воспитување деца дисциплинирање удирање
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved