10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование
Започнаа уписите во 17 училишта на „Хелен Дорон“ низ Македонија. Водечкиот светски бренд во областа на едукацијата на деца, преку револуционерна методологија за изучување на англиски јазик како мајчин јазик, Helen Doron English, го прославува својот десетти роденден во Македонија. Од својот почеток пред десет години, „Хелен Дорон“ Македонија континуирано поставува нови стандарди во областа на детското образование и изучувањето на англискиот јазик.
Започнувајќи како револуционерен проект, „Хелен Дорон“ денеска е симбол за квалитет, иновација и трансформација. Нивната уникатна методологија, која комбинира образование со забава, преку уникатни техники и методи за изучување на англискиот јазик на природен и забавен начин успеа да инспирира илјадници деца низ целата земја да го засакаат учењето и да го зборуваат англискиот јазик со самодоверба, течно и со природен акцент.
По повод 10 годишниот јубилеј на Хелен Дорон Македонија, овој викенд се оддржа голема прослава во која беа присутни сите франшизери и сертифицирани „Хелен Дорон“ учители во франшизната мрежа на „Хелен Дорон“ во Македонија.
На присутните им се обратија најзаслужните поради кои овој бренд постои во државата и успешно функционира 10 години, мастер франшизeрите Валентина Динова и Јасмина Шилегова.
Валентина Динова во своето обраќање пред присутните изрази задоволство од досегашните постигнати резултати.
„Оваа десетгодишнина е потврда за нашата посветеност кон квалитетот, иновацијата и пред сè, децата на Македонија. Благодариме на сите родители, учителите, франшизери и сите останати кои се дел од нашата заедница кои веруваа во нас и нè поддржуваа во нашиот сон. Зад нас е декада на инспирација, многу работа, посветеност и трансформација. После 10 години, со 17 отворени училишни центри и над 2.000 активни ученици, без скромност можеме да кажеме дека сме лидери во неформалното образование во државата и направивме вистинска трансформација во образованието на децата во нашата држава. Секој од нас има своја уникатна приказна што нè доведе тука, но сите имаме една заедничка цел која не спојува – нашата верба во потенцијалот на секое дете. Вербата дека преку квалитетно образование, можеме да ја менуваме судбината на нашите деца, и преку тоа судбината на целиот свет“, вели Валентина Динова.
Јасмина Шилегова мастер франшизер на „Хелен Дорон“ Македонија пред присутните кажа дека среќа е кога нешто сами го создавате.
„Среќа е кога на прв поглед се заљубив во квалитетот на едукативниот метод на „Хелен Дорон“. Љубовта, трудот, вложеното време, непроспиените ноќи, немаат цена, тоа не се брои со бројки. Сето тоа низ годините го мерев со среќата што ми ја исполнуваше душата и сознанието дека придонесувам за правилно насочување на генерации на деца. Благодарна сум што сум дел од Helen Doron Global и што ја имам најголемата поддршка. Денес за мене е ден на благодарност. Со оваа работа научив да бидам благодарна. Ви благодарам на сите вас што сте овде. На сите учители кои си го оставате срцето во училницата, на сите франшизери кои 10 години се вложуваат оваа приказна да успее и на целиот тим на „Хелен Дорон“ Македонија за безрезервната поддршка. Сето оваа е наш заеднички успех“, кажа Шилегова.
Таа доделувајќи благодарници на сите заслужни за работата на „Хелен Дорон“ им порача дека ова е само почеток, дека следува нова декада на развој и трансформација на неформалното образование во Македонија.
Од „Хелен Дорон“ Македонија велат дека ќе продолжат да инвестираат во квалитетот на образование кое го нудат, на обуки на нашите учители, конференции и во имплементација на нови програми и алатки за учење. Целта е јасна: Менување на животот и можностите за подобра иднина на децата од нашата држава.
За Helen Doron English
Helen Doron English е светски лидер во едукацијата за деца со присуство во повеќе од 40 држави. Основата на Хелен Дорон едукацијата, е ревулуционерната методологија која се базира на природниот процес на учење на англсики јазик како мајчин јазик со над 20 програми за деца од 3- месечни бебиња до 19 годишни тинејџери, која денеска е прифатена и ценета од страна на милиони деца и нивни родители низ целиот свет.
За запознање со уникатната Helen Doron методологија сите заинтересирани може да резервираат бесплатен демо час во еден од училишните центри на овој линк.
Хелен Дорон Аеродром – 078 388 403
Хелен Дорон Центар– 071 293 613
Хелен Дорон Карпош – 078297949
Хелен Дорон Кисела Вода – 078 282 842
Хелен Дорон Капиштец – 070 984 435
Хелен Дорон Чаир – 072 206 622
Хелен Дорон Велес – 075 340 443
Хелен Дорон Битола – 075 232 778
Хелен Дорон Прилеп – 077 699 961
Хелен Дорон Охрид – 077 613 815
Хелен Дорон Штип – 078 757 455
Хелен Дорон Гевгелија – 078 220 391
Хелен Дорон Струмица – 071 242 476
Хелен Дорон Кочани – 071 314 499
Хелен Дорон Кавадарци – 075 448 873
Хелен Дорон Тетово – 075 277 615
Хелен Дорон Струга – 077 558 962