Џенифер Лоренс стана мајка, но ги крие сите детали
Оскаровката Џенифер Лоренс се породи со своето прво дете, но дали е машко или женско и кога точно се породила никој не знае, објави порталот ТМЗ.
Портпаролот на актерката ја потврдил веста, без да открива дополнителни детали, односно почитувајќи ја волјата на актерката. Имено Џенифер уште кога беше бремена изјави дека е решена љубоморно да ја чува приватноста од очите на јавноста, особено откако ќе стане мајка, бидејќи не сака своите деца да ги изложува на стрес.
Ова прво дете за Џенифер кое го доби во бракот со Кук Маруни, дилер со уметнички дела, со кого се венчаше во 2о19 година на приватна церемонија на Роуд Ајленд.
Лани во септември тие ја објавија среќната вест дека го чекаат своето прво бебе, откако долго време се слушаа озборувања дека Џенифер е бремена.
View this post on Instagram