Љубовта има 5 фази, но, многумина застануваат на третата
„Изгледа дека тој не е мажот на мојот живот – често го слушате како изговор по неочекуваното раскинување на врската на вашите пријатели или познаници. Или, вие самите ја кажувате таа фраза. Иако на многумина им се чини дека нечија врска е идеална, таа завршува , а луѓето сè повеќе се убедени дека вистинската љубов полека но сигурно исчезнува.
Но, стручните лица велат дека постои објаснување за овој феномен. Познатиот психолог Џед Дајмонд по 40 години клинички истражувања дошол до заклучок дека повеќето луѓе, всушност, не ја наоѓаат вистинската личност за себе, од едноставна причина дека не можат да ги издржат 5-те неизбежни фази во врската, застанувајќи на третата.
- Заљубеност
Заљубувањето е фаза предизвикана од хормоните на среќата; тоа е време на проекција на сите ваши желби и соништа за вашиот партнер. А партнерот во овој случај е едноставно совршена личност, без никакви мани. Мислите дека секогаш ќе ви ја исполни секоја желба, верувате во секој збор што ќе го каже и сонувате за вечна љубов, притоа отфрлајќи ги сомнежите и советите на скептиците.
- Формален почеток на врската
Во оваа фаза љубовта станува посилна, а состаноците се заменуваат со формален заеднички живот. Повеќе се запознавате, почнувате да влијаете на сите аспекти од животот на партнерот. Тоа е време на заедништво и радост. Во оваа фаза веројатно правите и долгорони планови за заеднички живот, семејство…Се чувствувате безбедно и посакувано. И убедени сте дека сигурно сте го нашле „својот“ маж, својата судбина и никогаш нема да се сомневате во тоа.
- Разочарување
Токму во оваа фаза сите соништа се рушат. Ова е фазата кога се појавува чувството дека емоциите полека и неповратно се гасат, дека не се разбирате си партнерот и неговото однесување почнува да ве иритира. Почнува да ви се јавува желба за прекин на врската, па дури и помисла дека тоа воопшто не бил „ваш“ маж. Тоа е она што се случува, нели? Зошто да се измачувате себеси и мажот со кој некогаш сè беше прекрасно. Некогаш…
- Завршување на кризата и премин на љубовта на повисоко ниво
Ако замижите, а срцето ви чука со исто темпо, сигурно ја поминувате третата фаза која го носи следново: се бришат илузиите кои сте ги проектирале на вашата сакана личност. Тој стои пред вас, вистинкиот маж, а не некоја ваша посакувана илузија. Го прифаќате таков каков што е, со сите негови недостатоци. Вие сте си поддршка еден на друг и полека влегувате во т.,н фаза на возвишена љубов.
- Сознавање на вашата заедничка сила
Со разбирање на она што сте го научиле, сте ги надминале разликите и сте нашле длабока, силна врска во вашите односи. Потоа доаѓа сознанието дека вие двајцата имате сила да промените нешто на овој свет. Не само да живеете заедно, туку да живеете заедно за заедничка цел. Работете заедно, пишувајте, создавајте – што и да е. И кога ќе почнете да работите и да размислувате како една целина, надминувајќи ги сите фази, ќе можете со 100% сигурност да кажете: „Ова е човекот на мојот живот!“