Љубовен хороскоп за пролет 2022: враќање на бившите љубови и нови авантури
Откријте што ви носи најубавото годишно време и дали сега е идеално време за љубов.
Овен
Во овој период кариерата ви е на прво место. Ова време е идеално за зачувување на претходната љубов, а доколку сте слободни, не форсирајте нови познанства.
Бик
Можно е враќање на поранешната љубов, но внимавајте на разочарувањето. Некои Бикови ќе сакаат да се трансформираат и да го променат својот изглед, месец мај ви носи голем успех и судбоносни изненадувања.
Близнаци
Ве очекува разделба од нешто од кое упорно не сакате да се откажете, но мај ќе биде среќен месец за вас. Вработените Близнаци ги очекува унапредување.
Рак
Раковите можат да доживеат судбоносна средба и да започнат идеална врска со својата сродна душа. Слушајте ги советите на пријателите и не плашете се од промени.
Лав
За вас овој период ќе биде полн со предизвици и поставување нови задачи кои ќе ви изгледаат нерешливи. Оваа пролет не це очекуваат финансиски проблеми, а можно е да започнете нова врска. Некои лавови ќе ги оживеат старите чувства.
Девица
Ве очекуваат нови познанства, нови пријателства, а љубовта ќе ја сретнете во природа. Девиците се познати по напорната работа, па овој период е погоден за развој на кариерата, бидејќи ќе доживеете голем успех на деловен план. Дури и да мислите дека нема надеж, судбината ќе ве изненади.
Вага
Вагите прво ќе можат да очекуваат одредени зголемувања на приходите, а што се однесува до љубовта, можно е ново познанство кое ќе им донесе многу промени. Ги очекува успех и инспирација на сите полиња.
Шкорпија
Во вашиот дом ќе има хармонија и разбирање. Не започнувајте нова врска додека не завршите со старата, а можна е нова турбулентна љубов.
Стрелец
Стрелците најмногу ќе бидат посветени на својата кариера и зафатени со работа за да бидат што поуспешни. Но, покрај тоа ќе најдат време и за љубов, а можни се и пријатни авантури.
Јарец
Успехот во бизнисот е неизбежен. Јарците ќе имаат можност да отпатуваат некаде на пролет и на тој начин да се одморат од напорната работа. Не планирајте големи промени на лично ниво.
Водолија
Следните два месеци ќе ги паметите до крајот на животот! Ќе патувате на убаво место со саканата личност, а слободните Водолии ќе запознаат голема љубов. Ако ви пречи минатото, март е идеално време да го расчистите.
Риби
Ако сте слободни, пролетта ќе ви донесе судбоносна средба. Почнете да излегувате повеќе и бидете покреативни. Ослободете се од сè што ви пречи и посветете време на вашите чувства и семејството.