Шер е подготвена да прифати бегалци во својот дом
Американската пејачка и актерка Шер преку социјалните мрежи им понуди на украинските бегалци засолниште во својот дом. Оваа порака таа ја објави на Твитер.
„Сакам да засолнам украински семејства во мојот дом. Овде ќе бидат безбедни и ќе бидат згрижени“, напиша ѕвездата на социјалните мрежи.
„Да бев сама или со деца и да бевме трауматизирани, би се надевала дека некој ќе се погрижи за нас“, додаде пејачката.
Шер долги години е вклучена во различни добротворни цели. Нејзините напори се фокусирани на иницијативи за борба против сиромаштијата, поддршка на ветераните и ранливите деца.