Шери бомбици
Сoстојки:
– 125 г прав шеќер, 125 г путер, 250 г бисквити, 50 г ореви, 1-2 лажици какао, 100 г сечкани замрзнати вишни, 1 лажица рум или сок од портокал, топено чоколадо
Приготвување:
Вишните и оревите исечкајте ги ситно, бисквитите сомелете ги. Во еден сад ставете го путерот (кој треба да е омекнат) со прав шеќерот па матете ги со миксер додека добиете кремаста смеса. Во ова додајте ги оревите, бисквитите, вишните и сокот од портокал (или румот). Замесете да добиете воедначена смеса. Потоа земајте од смесата и правете бомбици. Валкајте ги во топено чоколадо и украсете по желба.