Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор
Колумбиската поп ѕвездата Шакира постигна договор со шпанските обвинители непосредно пред почетокот на судскиот процес за даночна измама во Барселона, во кој беше обвинета за даночно затајување од 14,5 милиони евра. За ова обвинение обвинителите најавија дека ќе бараат затвор до осум години и парична казна од 24 милиони евра, ако биде прогласена за виновна.
Сепак до тоа нема да дојде бидејќи двете страни се договориле пејачката да плати казна 7,5 милиони евра, што 50% од вкупната сума.
Случајот беше покренат откако Шакира купи куќа во Барселона во 2012 и во периодот до 2014 година повеќе од шест месеци годишно живеела во Шпанија, а според нивните закони тоа значи дека е жителка на државата и има обврска да плати данок. Шакира одби да го плати данокот со образложените дека не живеела толку долго во Шпанија во тој период. Но, сега реши да се спогоди со обвинителите.
„Спогодбата ја направив во интерес на моите деца. Не сакав тие да ја гледаат нивната мајка како си го жртвува здравјето во оваа борба“, изјави Шакира, која сега живее во Мајами.