• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

Чеша, пецка, затегнува – кожата бара посебна нега

by РиД 22/04/2022 0 Comment
 Чеша, пецка, затегнува – кожата бара посебна нега
фото:пекселс

Чувствителната кожа бурно реагира на надворешните влијанија, најчесто со црвенило и ситни бубулици. Понекогаш имате чувство дека ве пецка или кожата ви е многу топла. Ако имате вакви симптоми не се грижете, туку прилагодете се на ситуацијата и направете сè што е во ваша моќ за да ја смирите и негувате кожата на начин кој ѝ одговара.
Чувствителната кожа не е тип кожа кој спаѓа во мрсна, сува или мешана. Односно нејзината чувствителност не зависи од типот на епидерм. Иако најчесто се верува дека чувствителната кожа е сува, дури и мрсната кожа може да биде хиперсензитивна. Она кое со сигурност се знаае е дека светлата и тенка кожа најчесто е чувствителна, а таа може да биде сува, мрсна или мешана.

фото:пекселс

Како да ја препознаете?
Ако често имате чувство дека кожата на телото и лицето ви е топла, како нешто да ве пецка или лесно ви поцрвенува, најверојатно имате чувствителна кожа. Таа реагира на надворешните влијанија, на кои вообичаено не треба, или реагира побурно отколку што е случај со нормална кожа. На пример на сонце нормално е да поцрвени кожата, но чувствителната може да реагира со осип или силно црвенило пропратено со чешање.
Или во допир со хемикалии нормално е кожата да пецка. Но ако тоа трае долго и при тоа црвенилото не се смирува, посетете дерматолог. Можно е да сте алергични на нешто и тоа треба да го испитате. Но ако се докаже дека не е алергија, тогаш едноставно имате чувствителна кожа и треба да се снајдете со тоа.
Најчесто чувствителноста е вродена и тоа е случај со тенката кожа. Но некогаш под влијание на разни фактори може да дојде до промена на заштитната функција на кожата – претерано употребување козметички препарати, земање некои лекови, промена на климата, промена на хормоналниот статус, стрес, дури и водата, ако смените средина. Ако забележите дека кожата ви реагира на некој од овие фактори, бидете внимателни.
Чувствителноста на кожата може да настане и поради алергиска реакција на кожата поврзана со лоша состојба на имунитетот, како што е случај со атопски дерматитис, осип, розацеа или алергиски контактен дерматитис. Премногу сувата и повредена кожа не може повеќе да ја извршува заштитната функција на нервните завршетоци и така доведува до реакција на кожата.

Посебна нега
Кожата на лицето треба да ја чистите со нежен препарат за отстранување шминка, а потоа да ја измиете со некој сапун со растителни масла кои овозможуваат да се воспостави заштитен површински слој. Кога станува збор за креми, изберете хипоалергенска крема која не предизвикува иритации. Чувствителната кожа бара и употреба на креми против црвенило, за да се намали истото како и чуството на врелина на кожата. Многу важно е да не експериментирате, бидејќи така чувствителната кожа уште помалку станува толерантна на разни дразби, односно реагира уште побурно на секоја промена.Иако се верува дека чувствителната кожа не сака лесна и флуидна, туку богата, хранлива текстура, со есенцијални масла со смирувачки ефект, дерматолозите советуваат дека текстурата на препаратот не влијае многу на чувствителната кожа. Важно е да не содржи парфеми, силикони, уреја, конзеванси или други активни состојки кои ги има во препратите против стареење- витамин А, овошни киселини, ретинол, бидејќи можат да предизвикаат иритација. Значи препарат кој содржи најмалку состојки, впрочем е најдобар за нега на чувствителната кожа. Кога ќе откриете кои препарати ви одговараат, не ги менувајте. За вас никако не се парфимирани препарати, како ни оние кои содржат есенцијални масла. Избегнувате средства за миење со пилинг својства, како и препарати за пилинг со крупни честички. Откажете се од козметичките третмани, кои можат само да ја влошат состојбата. Микроабразија, хемиски пилинг и слични третмани само ќе поттикнат несакани, неестетски резултати.
Ако кожата изреагирала на нешто, потребен ви е препрат против црвенило, бидејќи го смалува чувството на топлина кое ја зафаќа кожата. Што се однесува до дневнат нега, задолжително користете средства со УВ заштита.

фото:пекселс


Замки при изборот на препарати
Многумина веруваат дека чувствителната кожа може да се негува со препарати за бебиња и навистина, тоа не може да штети. Но, препаратите за бебиња се наменети за нега на кожата од новореденчето и на никој начин не можат да ги задоволат потребите на зрелата кожа. Освен тоа со текот на годините пречувствителноста на кожата расте, па спротивно на вреженото мислење дека најчувствителна е бебешката кожа, чувствителната кожа кај возрасните реагира почесто и побурно. Исто така се верува дека биолошките препарати се идеални за чувствителната кожа, што нема врска со реалноста. Чувствителната кожа може да изреагира на состојки од биолошки препарат кои поради нешто & се иритантни. Затоа посоветувајте се со дермалтолог, најдете ги вистинските препарати за својата чувствителна кожа и не експериментирајте.

Уште неколку здрави навики
Исто така многу важно е исхраната да ја прилагодите на кожата. Ако сте забележале дека кожата посебно се исфрла од некоја храна, избегнувајте ја. Исто така исфрлете ги алкохолот, цигарите, грицките и слатките. Колку можете избегнувајте чести промени на средина. При тоа не се мисли само на конкретно менување градови. На пример, чувстивтелната кожа реагира ако денот го поминете во затворена климатизирана просторија, каде воздухот е сув, а навечер отидете на прошетка покрај вода, со високо ниво на влажност. Чувствителната кожа едноставно не може така брзо да се прилагоди на промената.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 835

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: кожа нега пецкање чешање чувствителна кожа
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved