Финални подготовки пред спектакуларната свадба во семејството Бекам
Бруклин Бекам, најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам, и богатата американска наследничка Никола Плец се подготвуваат за најважниот ден во нивниот живот. Во сабота пред неколку стотици гости ќе ги кажат свадбените завети и ќе се заколнат на вечна љубов. Венчавката ќе се одржи на семејниот имот на семејството Пелц, во Флорида.
До медиумите стигнаа снимки од воздух, на кои јасно се гледа дека на имотот на семејството Пелц, вилата покрај океанот, каде ќе се одржи свадбената церемонија, се поставени неколку огромни шатори. Целиот имот го чуваат дење и ноќе стражари придружувани од германски овчари.
Се проценува дека целата венчавка ќе чини околу три милиони фунти, а на списокот на гости има многу познати и богати гости. Поканетите гости ќе престојуваат во вилата на семејството Пелц која се простира на четири илјади метри квадратни. На настанот на сезоната се очекуваат Мел Би, готвачот Гордон Ремзи, Марк Ентони, Ева Лонгорија, легендарниот спортист Том Брејди и неговата сопруга Жизел Бундхен, а се шпекулираше дека би можеле да дојдат и принцот Хари и Меган Маркл.
View this post on Instagram
Британските медиуми пишуваат дека кумови на венчавката на 23-годишната Бруклин ќе бидат браќата Ромео и Круз, додека деверуша ќе биде сестрата Харпер Севен. Деверушата на невестата Николи Пелц ќе биде нејзината омилена баба.
Никола Пелц е едно од вкупно осумте деца на моќниот бизнисмен и милијардер Нелсон Пелц и поранешната манекенка Клаудија Хефнер. Ова еврејско семејство има репутација во многу моќни кругови ширум САД, а 79-годишниот бизнисмен и инвеститор е главен во извршниот одбор на некои од најголемите американски маркетинг компании како „Лег Мејсон“, „Проктер и Гембл“, „Сиска“ и „Медисон Сквер Гарден компани“.
За да го заштити богатството на нејзиното семејство, Бруклин и неговата свршеница Никола потпишале предбрачен договор.
View this post on Instagram