• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Употребата на цуцла не може да му нанесе голема штета на бебето

by РиД 03/03/2022 0 Comment
 Употребата на цуцла не може да му нанесе голема штета на бебето
фото:pixabay

Знаеме дека бебињата едноставно обожаваат цуцли, меѓутоа, многу родители често се во дилема дали воопшто треба да ја користат и доколку е така, до кој степен е прифатливо.

Сосема е сигурно дека ваш личен избор е дали на бебето ќе му понудите цуцла или не. Генерално, користењето цуцла не може да му нанесе голема штета на бебето, а може да биде корисно, особено во првите шест месеци, кога бебето има најголема потреба да го задоволи нагонот за цицање.

Она што е важно е дека цуцлата не треба да биде начин да го одложите доењето или хранењето со шише или да му ја понудите на бебе кое покажува дека го сака вашето внимание, а не цуцла. Секако, секој родител чие дете користи цуцла доживеал да се најде во ситуација кога цуцлата навистина му била краткотраен спас. На пример, ако возите автомобил, бебето е вознемирено затоа што е гладно, а вие сте многу блиску до дома.

Американската академија за педијатрија препорачува избегнување на употреба на цуцли додека бебето целосно не го совлада процесот на доење. Ова е обично периодот по првите три или четири недели, но може да биде и порано ако вие или вашиот педијатар процени. Она што е многу важно е да го одложите користењето на цуцлата доколку бебето има проблем со правилно цицање или вие имате проблем со мала количина млеко. Дополнително, доколку се сомневате дека бебето е гладно, секогаш нудете му прво да јаде, за да се уверите дека таа потреба е задоволена, па дури потоа можете да му дадете цуцла.

  1. Предности на користење на цуцла

Удобност за бебето – има бебиња кои сакаат да ја задоволат својата потреба за цицање дури и кога не се гладни. Во овие ситуации, цуцлата на вашето бебе ќе биде утеха и ќе му помогне да ја задоволи таа потреба.

Го намалува ризикот од синдром на ненадејна смрт на доенчиња – со студии е докажано дека употребата на цуцла го намалува процентот на појава на СИДС. Не е јасно зошто е тоа така, но ова е докажано низ уште некокку различни студии.

Помош за спиење – по ручекот и поджригнувањето, цуцлата им помага на некои бебиња да спијат подобро.

Спас при патување – за време на лет со авион, доколку бебето користи цуцла, тоа ќе помогне да се ублажи проблемот со ушите поради промената на притисокот. Исто така, често може да се случи бебето да стане нервозно за време на долго возење во автомобилско седиште, па цуцлата во оваа ситуација е спас.

Можете да ја фрлите цуцлата, кога ќе се решите – за разлика од бебињата кои ги цицаат прстите на нозете, прекинувањето на цицањето цуцла ќе се случи кога бебето веќе нема да му ја давате.

фото:pixabay
  1. Недостатоци од користење на цуцла

Зависност – многу бебиња кои користат цуцла стануваат „зависни“ од неа, бидејќи не можат да заспијат без цуцла, но и се нервираат ако ја немаат во уста. Колку е постаро бебето, толку е поголема веројатноста дека одвикнувањето ќе биде потешко.

Проблем со исхраната – ако му ја дадете цуцлата на бебето прерано, тоа може да ви направи проблеми со доењето.

Проблеми со забите – долгото користење цуцла, до 2-3 години, е причина за проблеми со здравјето на забите и правилното загризување.

  1. Совети за паметна употреба на цуцла

Почитувајте ја реакцијата на вашето бебе – некои бебиња ја прифаќаат цуцлата веднаш штом ќе ја добијат, додека други упорно ја одбиваат. Совет е да го почитувате правото на бебето да не сака цуцла.

Пробајте различни цуцли- ако мислите дека цуцлата би била корисна за вашето бебе и за вас, обидете се да му понудите на бебето повеќе видови и да видите кој тип на цуцла најмногу и одговара.

Не нудете цуцла на празен стомак -понудете му на вашето бебе цуцла помеѓу оброците, кога сте сигурни дека не е гладно.

Користете цуцла пред спиење – ноќното спиење или дневната дремка е задолжително за многу бебиња. Ако им испадне цуцлата за време на спиењето, а бебето не реагира, нема потреба му ја дадете повторно.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 967

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: доење храна цуцла
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved