Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти
Сочни, вкусни и здрави, тиквичките во тек на летото ги има во изобилие, а ваше е само да изберете правилно. Потоа само ви останува да ги приготвите на омилениот начин или да најдете нови интересни рецепти.
Поради својот нетурален вкус и убава текстура, тие се одлични за подготовка на разни солени и слатки јадења. На 100 грама тиквички има само 17 калории, што е уште една причина зошто се толку омилени. Освен одличниот вкус, тиквичките се и многу здрави. Иако содржат дури 94 отсто вода, во својот состав имаат и добар процент витамини и минерали.
1. Правилно изберете
Тиквичките се во сезона од јуни до август, но благодарение на модерните начини на одгледување, денес може да се најдат и во тек на целата година. Кај нас најчесто се достапни од мај, а при купување треба да обрнете внимание на неколку работи.
Сјајна и чиста кора – секогаш изберете ги плодовите со цврста, речиси сјајна кора. Избегнувајте тиквички кои имаат оштетна кора и дамки. Исто така обратете внимание на звукот – ако ја потчукнете тиквичката, звукот не треба да шуплив – тоа обично е знак за престарени тиквички. Тие треба да се цврсти на допир. Меките тиквички најверојатно се набрани одамна и полека пропаѓаат.
Големина – кај повеќето тиквички таа е важен критериум за изборот. Иако тиквичките доаѓаат во најразлични големини, никако не ги бирајте најголемите – тие се набрани предоцна и голема е веројатноста дека внатре ќе се меки, со текстура како стиропор.
Највкусни се младите тиквички, мали или средни со тенка кора и нежна пулпа. Свежите тиквички се идеални за подготовка на разни салати, а ако се решите за топлинска обработка, внимавајте да не ги преварите.
Скалдирање – тиквичките морате да ги чувате во ладилник, најдобро одвоени во хартиени кесички. Пред складирање во фрижидер не ги мијте и избегнувајте пластични кеси, за да не се собира влага и да почнат да скапуваат. Во фрижидер можат да стојат до една недела. ако имате вишок тиквички, а не можете да ги изедете, можете да ги замрзнете во парчиња или пак сечени на коцки или стапчиња. Која било метода да ја изберете, зеленчукот темелно измијте го и исушете го пред замрзнување.
2. Што да готвите со тиквичките?
Освен добро познатите пржени, похувани или свежи тиквички во салата, постојат многу интересни јадења кои можат да се приготват од нив. Можете да направите браунис, брз леб со тиквички, шпагети од тиквички и др. Но, наш денешен предлог се лазањи со тиквички. Сосот од месо се приготвува исто како за обичните лазањи, со пржен кромид, мелено месо, лук, доматен сос и зачини. Наместо бешамел се прави сос од 400 грама рикота и едно јајце. Додека тиквичките се користат наместо тестенини. За таа цел треба претходно да ги измиете, исечете на тенки ленти, посолите и да ги оставите да отстојат, па да ги испечете кратко во грил-тава. Потоа во тепсија редете еден ред тиквички, ред месо, ред сос со рикота и јајце, така додека ги потрошите состојките. На крај завршете со тиквички и печете ги покриени со фолија. Пред крај на печењето тргнете ја фолијата и ставете рендана моцарела, па нека се потпечат убаво.