Тајните на парискиот „Дизниленд“
По повод на 30-годишнината на постоењето на паркот беше направен список од тајни на овој забавен град кои посетителите треба да ги откријат. Ова го прави патувањето вистинска авантура и носи магија во доживувањето додека шетате низ овој забавен парк, без разлика на возраста.
Скриените симболи на Мики Маус
Посетителите треба да внимаваат на симболите на Мики Маус – три поврзани кругови – кои се скриени меѓу возењата, зградите,архитектурата и портите околу паркот. Но, интересно е тоа што никој не знае точно колку симболи на Мики Маус треба да се откријат, бидејќи Дизни никогаш не ја откри точната бројка.
Боите на замокот
Сината и розовата боја на замокот на Заспаната убавица се намерно избрани за да бидат во контраст со сивото небо кое е вообичаено за овој дел од Франција. Сепак, многумина тврдат дека боите биле избрани за да асоцираат на нијансите на фустаните на Заспаната убавица.
Совршено осветлување
Сите замоци во парковите на Дизни се проектирани да гледаат кон југ, така што сонцето никогаш не може да ја уништи вашата фотографија, без разлика дали се фотографирате во златниот час или во раните утрински часови.
Најдете го дувлото на змејот
Под замокот на Заспаната убавица, ќе го најдете „La Taniere du Dragon“, огромен аудио-аниматронски змеј со должина 27 метри од глава до опашка. Змејот најчесто спие тивко, но повремено се буди и ќе видите чад и ќе слушнете звуци на ржење.
Видете ги променливите лица на г-дин жаба
Погледнете ги внимателно дигиталните портрети на г-дин жаба на ѕидовите на ресторанот Toad Hall – овие слики постојано се менуваат, прикажувајќи го ликот на Дизни како сите, од Винсент Ван Гог до темата на сликата на Мона Лиза.
Ајфеловата кула
Упатете се кон самиот врв на швајцарска
View this post on Instagram
та семејна куќа на дрвото Робинсон и можеби ќе можете да ја забележите Ајфеловата кула. Oва најлесно е ако денот е ведар и сончев, така што е многу поверојатно дека ќе ја забележите кулата во лето, но секогаш вреди да се погледне.
Приказната за играчките
Галеријата на ликовите од анимираниот филм „Приказна за играчките“ е поставена на таков начин што изгледа како главните ликови да се шетаат наоколу. Додека шетате и гледате како огромните модели на Баз и Вуди кои зборуваат имате чувство дека тие оживеале, а вие сте со нив во филмот.
Роденденски гратис
Ако денот на посетата некој од вашето друштво слави роденден, може да земе значка за роденденска прослава од Градското собрание во „Дизниленд„ за целиот персонал да знае дека слави. Тоа на славеникот ќе му донесе многу роденденски честитки, а на некои места и дополнителен попуст.