• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Тантрумите се знак дека детето се бори со чувства кои не знае да ги управува

by РиД 09/04/2023 0 Comment
 Тантрумите се знак дека детето се бори со чувства кои не знае да ги управува
фото:pixabay

Кога децата се поактивни од вообичаени, а тоа е проследено со чести тантруми или пркос, првиот чекор за справување со проблематичното однесување е да откриете што се крие зад него.  Честопати причината не е очигледна, а уште ако децата се мали, тие нема да знаат да ви кажат што чувствуваат. А всушност тие можеби и не знаат што ги мачи.

Бесните испади најчесто се знак дека децата се борат со чувства за кои немаат вештини за управување. Тие може да бидат обземени од нивната фрустрација или гнев и да не знаат како правилно да се изразат и да се смират. Можеби ќе им треба помош за развивање на вештини за контрола на нивното однесување.

Анксиозност

За вознемирените деца најчесто се мисли дека се срамежливи или плашливи, но анксиозноста може да ги натера децата да глумат. Кога анксиозните деца се ставени во ситуации што ја поттикнуваат нивната анксиозност, тие се лутат во обид да ја избегнат таа ситуација. Тоа однесување може да биде многу збунувачко за наставниците и блиските, бидејќи никој не може да сфати од каде доаѓа.

АДХД

Оваа состојба се дијагностицира кога децата имаат проблем со вниманието. Но, за многу деца со ова нарушување и нивните родители – однесувањето е исто така голем проблем. Децата нема да прифатат никакви совети и ќе се однесуваат лошо, затоа што тешко им е да го следат и направат тоа што од нив се бара. Посебно  можат да се налутат ако од нив се побара да престанат да прават нешто во кое уживаат, како на пример играње видео игра. Па така обврските како пишувањето домашна задача, одење на спиење, облекување и подготовка за вечера, можат да станат боишта. Децата со АДХД исто така се поимпулсивни од другите деца.

Нарушувања во учењето

Ако детето постојано глуми на училиште или за време на домашните задачи, тоа може да биде резултат на нарушување во учењето.  Ова доведува до фрустрации и може да ги натера за себе да мислат и дека се глупави. Децата честопати имаат тенденција да ги кријат своите лични битки.  Влегувањето во неволја им е помалку болно, отколку околината да дознае дека нешто не е во ред со нив.

Сензорни проблеми

Децата со сензорни проблеми, кога ќе се најдат во средина која премногу интензивно влијае на нивните сетила, можат да реагираат бурно. Тие можат да почнат да врескаат ако нивното лице е водено или да се вознемират ако е премногу светло, бучно или ако се најдат во голема гужва. Честопати ако се најдат во ваква средина од преголема вознемиреност знаат и да избегаат. Кога овие деца се чувствуваат преоптоварени со сензорни информации, можат да реагираат панично и да се доведат во вистинска опасност.

Преживеана траума

Децата кои биле изложени на траума или злоупотреба често имаат проблеми со менаџирање на силните емоции. Додека се мали децата учат од возрасните како да се смират, додека тие им зборуваат и ги држат во прегратка. Ако го немале  ова искуство или биле запоставени, кога ќе се најдат во некоја вознемирувачка ситуација наместо да се смират тие ќе реагираат бурно. Исто така ако се најдат во ситуација да се почувствуваат загрозено или непожелно, можат да реагираат иритантно. Најчесто причина за тоа е што се убедени дека сè она што им се случило е нивна вина. Тоа води до очекување дека никогаш никој нема да ги сака и да ги третира добро, па нема потреба да се трудат да се однесуваат пристојно.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 733

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved