Спасете се од преполниот мијалник со валкани садови
Колку и да се трудите секоја вечер кујната ви изгледа како бојно поле? Можеби едноставно користите прембогу садови кои на крајот завршуваат во мијалникот чекајќи да поминете неколку часа за да ги измиете. За да го избегнете тоа треба да следите неколку едноставни правила.
1. Имате премногу садови
Можеби ви се чини малку радикално, но многумина ќе се сложат дека ако имате помалку садови, тогаш помал број од нив ќе користите. Можеби е време конечно да ги средите кујнските ормарчиња.
2. Малите садови измијте ги веднаш по употреба
Секако тоа не значи дека целосно ќе се ослободите од насобирањето садови по оброкот, но сигурно е дека мијалникот нема да биде преполнет. Исто така многу полесно е да ги измиете садовите веднаш по употреба. На апример грутчињата и остатоците од брашно веднаш по користење на садот можат лесно да се измијат, но ако отстојат некое време во мијалникот, ќе се исушат и ќе треба силно со жица да го триете садот.
3. Побарајте рецепти кои се готват во еден сад
Ако мислите дека ова е тешко изводливо, се лажете. Постојат безброј вкусни и интересни рецепти за јадења кои се готват во еден сад, како варива, супи, ризото, кус-кус или разни салати. Најдете ги и чувајте ги рецептите, па по потреба згответе ги да ги пробате. Освен во вкусниот оброк, ќе уживате и во празниот мијалник.
4. На маса ставете го само потребниот прибор за јадење
Можеби масата нема да изгледа привлечно и свечено, но бидете искрени – дали навистина сакате подоцна да ги миете сите оние мали лажички, виљушки и тн., откако гостите ќе си отидат дома? Ако на вечера сте поканиле стари пријатели или членови на семејството, никој нема да ви замери, а вие секако ќе го намалите времето за чистење на кујната.
5. Секој од семејството нека има место за своја чаша
Ова е совет број еден во намалување на купот валкани садови. Наместо да после секое пиење вода, секој член од семејството во мијалникот става чаша, договорете се секој да земе по една чаша, да ја држи на одредено место и да ја користи во текот на денот, а дури вечерта да ја стави во мијалникот. Ќе се изненадите колку ќе се намали количината валкани садови.
6. Трик за брзо чистење загорени садови
За еден од наједноставните трикови со кој можете лесно да ги исчистите загорените садови потребна ви е состојка која ја има во секоја кујна. Во загорениот сад ставете филџан вода и филџан алкохолен оцет, па ставете го садот на шпорет да зоврие течноста. Потоа тргнете го на страна садот и додајте две лажици сода бикарбона. Оставете нека стои кратко, истурете ја течноста и со рапаво сунѓерче истријте ги дното и страните од загорениот сад. Ако остане малку нечистотија, прекријте ја со паста од сода бикарбона и малку оцет, па нека отстои неколку минути пред да ја истриете со рапаво сунѓерче и да ја исплакнете. Искусните домаќинки советуваат дека наместо сунѓерче можете да искористите и алуминиумска фолија згужвана во топка со која ќе ги триете загорените остатоци додека испаднат.