Со овие зборови мажот го меморира телефонскиот број на љубовницата
Мажите можат да бидат многу снаодливи и да успеат со години да ја кријат љубовницата од својата (несудена) сопруга. Постојат различни начини на кои посилниот пол успева да ја прикрие приказната со другата жена, а она што посебно ги интересира сите, е како ги зачувува податоците во својот мобилен телефон.
Како што е познато, речиси и да нема личост на овој свет која не сака да ѕирне во телефонот на својот партнер за да провери дали има тајна комуникација со друга личност.
Колку и да звучи чудно, најчесто користен збор со кој мажите го меморираат телефонскиот број на љубовницата е „водоинсталатер“.
На второ место е „непознат број“, а често пишуваат нешто како „лажго“ или „не кревај“. Следат машки имиња како Михаил, Борис и други, како и женски имиња, придружени со спецификација „работа“ или „канцеларија“.
Можно е неверниот да го внесе бројот на љубовницата само со презиме, но во машки род – на пример „Иванов“.
Покрај водоводџија, измамниците можат да ја сокријат љубовницата зад називи како „стоматолог“, „пекара“, „пица“, „такси“, „банка“ итн.
Истото важи и во обратен случај, за жените кои изневеруваат. Тие најчесто во телефонот го меморираат својот љубовник со имиња како „козметичар“, „стилист“, „маникир“ и други.