Со едноставен трик спасете го искршеното руменило
Нема поголем хаос од скршеното руменило. Не само што не можете да го чувате, бидејќи се распаѓа, туку и не можете да го нанесете убаво. Но не очајувајте. Наместо да го фрлите послужете се со следниот трик. Соберете го целото руменило во неговиот сад. Потоа со дрвено стапче иситнете го целосно за да стане прав. Додавајте медицински алкохол постепено и мешајте со дрвеното стапче, додека добиете кремаста смеса. Со помош на стапчето порамнете ја смесата и малку удрете го садот од маса, за да излезе воздухот кој евентуално се собрал при мешањето. Оставете да се суши еден – два часа и повремено уште неколку пати удрете го садот од масата, за да излезе останатиот воздух. После еден час пробајте дали е суво. Земете хартиено шамивче, па стиснете над руменилото, за го пресувате и отстраните вишокот алкохол. Оставете да се исуши преку ноќ.