Сочно печено јагнешко
Состојки:
– 1 кг јагнешко од грбот со коска, 400 г компири, сушен зеленчук, масло, сол и црн пипер
Приготвување:
Јагнешкото оставете го цело во едно парче, само со нож одозгора засечете го на неколку места. Зачинете го целото месо убаво со сол и сушен зеленчук, па ставете го во сад подмачкан со масло. Посипете малку со црн пипер и ставете да се пече во сад со капак (пекач) на тивко. Додека се пече месото измијте ги компирите, па излупете ги. Исечете ги на крупни парчиња и ставете да се обари кратко во сад со посолена вода. Потоа извадете го компирот од садот и ставете го кратко да се потпече во рерна. Послужете го како гарнир со печеното месо.