Современи решенија за лекување машка неплодност
Иако многумина сè уште сметаат дека плодноста е „женски проблем“, дури една третина од сите случаи на неплодност се однесуваат на машката популација. Првиот чекор кој треба да го преземе вашиот партнер е да посети уролог.
Тестикуларна екстракција на сперматозоиди (micro tese) претставува хируршка процедура која се користи за пронаоѓање сперматозоиди кај пациенти кои немаат сперматозоиди во ејакулатот (азоспермија). Според уролохирурзите оваа метода се изведува со отстранување на мал дел од ткивото на тестисот од кадешто се добиваат сперматозоидите, додека пациентот е под анестезија.
Оваа напредна техника овозможува да се насочи биопсијата до најдобрите делови и со тоа да се зголеми можноста за наоѓање сперма, отстранувајќи помали количества на ткиво отколку со обична биопсија. Обичните биопсии не даваат секогаш точни резултати или лекарот не може да најде доволно сперма набљудувајќи ја само надворешноста на тестисот. Micro tese е напредна процедура којашто мора да се изврши од страна на микрохирург.
Замрзнување на спермата
Micro tese може да се изврши како дијагностичка процедура и ако се пронајде употреблива сперма таа може да се замрзне, а надвојката ѝ сесоветува да продолжи со ICSI (ефикасна метода на оплодување на јајцеклетките кога параметрите на ејакулатот не се оптимални или кога претходните методи на фертилизација не даваат резултат). Со помош на методата ICSI може успешно да бидат третирани и најтешките случаи на машка неплодност (многу мал број или отсуство на сперматозоиди во ејакулатот). Во овие случаи со помош на одредени постапки сперматозоидите се добиваат од тестисот или од епитидимисот. Замрзнувањето на спермата кај мажите со проблеми во однос на создавање сперма може да биде тежок процес, бидејќи оваа сперма обично е во мала количина и не се одмрзнува брзо. Затоа најголема шанса за бременост би имале ако се користи свежа, добиена пред самото вештачко оплодување.
Можноста за наоѓање сперма со мicro tese е поголемаод 60 отсто.Ова е двојно поголема шанса од шансата за наоѓање сперма со иглени биопсии и не микрохируршки биопсии што се прават од страна на уролози. Micro tese достигна голем напредок во хиругијата, фокусирајќи се на минимално инвазивни техники, кои овозможуваат побрзо закрепнување на пациентот.