• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Дом

Секој дом мора да ја има оваа билка со опоен мирис

by РиД 07/06/2022 0 Comment
 Секој дом мора да ја има оваа билка со опоен мирис
фото:pixabay

Лоничерата, која е позната и како орлови нокти, козја крв, е една од најубавите ползавци во секоја градина. Станува збор за растение кое обично расте до пет метри, но некои видови можат да пораснат и до 10 метри, а особено е сакано поради мирисните цветови кои потсетуваат на канџи од орел и се отвораат во мај и јуни, кога се најмиризливи.
Тоа е едно од градинарските растенија на кое му се придаваат магиски моќи – се верува дека симболизира привлечност и цврстина, како и дека истото го предизвикува и во бракот! Според едно старо верување, жената која сака да биде уште поубава и привлечна треба да го трие овој цвет на косата додека мисли на својот сакан.
Лоничерата сака сончево или полусенчево место, а во целосна сенка слабо цвета, па затоа не треба да се сади  на такво место. Само коренот треба да биде во сенка, што се постигнува со засадување високи грмушки околу растението. Најчесто се одгледува покрај оградата, а останува зелена во текот на целата зима, поради што  се верува дека носи среќа во домот.

фото: pixabay

Лоничерата поради брзото ширење треба да е засадена подалеку од други цвеќиња, затоа што може лесно да ги потисне. Воедно треба да има подлога за качување и ползење. Издржува високи и ниски температури.
Кога има долг период на суша треба да се полева, но не премногу. Лоничерата не бара премногу внимание, поради што е позната како „неуништливо растение“.
За оваа билка, редовното кроење неколку пати годишно е од клучно значење за поттикнување на цветањето и растењето, а доколку сакате да ја размножите, употребете средно развиен изданок и исечете го така што на гранчето ќе останат два листови, еден спроти друг.

Изданокот се сади во растресита почва, па се полева умерено и се покрива со најлонско  кесе (проѕирно).

Лоничерата е едно од ретките растенија кои успешно растат во жардињери, а потребно е саксијата да биде што подлабока и поширока.

Не заборавајте да ги отстраните оштетените и суви гранки во текот на целата година. Пред зимата скратете го растението на висина од 50-60 см, за да обезбедите обилно цветање и за следната сезона.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 1,008

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: лоничера орлови нокти ползавец цвеќе
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved