Свиленкаста супа од карфиол
Состојки:
– 1 голема главица карфиол, 1 голема главица кромид, ситно исецкана, 2 чешниња лук, ситно исецкани, маслиново масло, сол, бибер, тврд кашкавал рендан, 900 мл зеленчукова супа од коцка
Подготовка:
Сварете зеленчукова супа од коцка. Во големо тенџере со солена, зовирена вода ставетего карфиолот, претходно разлистен на помали цветови и варете го додека не биде мек во стеблото. Во друго длабоко тенџере на масло за јадење пржете ги кромидот и лукот додека не омекнат убаво и додека не добијат убава златна боја. Потоа, ставете го сварениот карфиол и полијте се со супата. Зачинете по вкус. Тргене од оган. Измиксајте ја смесата во пире додека не биде се еднолично и без мали парчиња кафриол. Вратете на оган. Додајте 100 гр. тврдо рендан кашкавал во супата. Мешајте. Послужете со ситно сецкан магоднос, маслиново масло и бибер.