Сами направете си совршен маникир
За уредно нанеување, сушење и отстранување на лакот и секогаш уреден маникир еве неколку трикови:
1. Натопете памучно стапче во вазелин и внимателно нанесете го на кожичката околу ноктите. Тоа ќе ви помогне да не се разлева лакот и полесно ќе го отстраните ако случајно се намачкате отстрана при лакирањето.
2. Ако сакате да ја истакнете бојата на лакот, како базен лак употребете бел мат лак за нокти.
3. Употребете селотејп ако сакате да ги обоите ноктите во две различни бои. Светлиот лак нанесете го на цел нокт, оставете да се исушу, а потоа залепете селотејп на местото на кое сакате тој да остане, па намачкајте потемна нијанса. Кога ќе се исуши тргнете го селотејпот.
4. Свој оригинален лак за нокти можете да направите ако измешајте безбоен лак со сенка за очи во прав.
5. Обоените и исушени нокти натопете ги во ладна вода за да ја стабилизирате бојата на ноктите и да ја продолжите трајноста на маникирот.
6. Заглавеното капаче од лакот ожете да го отворите ако го потопите неколку минути во чаша со топла вода. На овој начин можете и да го омекнете стврднатиот лак за нокти.
7. Отстранете го досадниот лак со светки на следен начин – добро натопете памукче со ацетон, па обвиткајте го околу прстот. Прекријте со алуминска фолија и врзете ја со ластиче, па оставете да дејствува пет минути. Отстранете ја фолијата и памукот, па едноставно одлепете го останатиот лак за нокти.
ИДЕЈА ПЛУС:
Маска за негувани раце
Иако се подразбира кога ќе миете тенџириња и садови дека треба да ставите ракавици, сепак малкумина од нас го практикуваат тоа. Истото важи и за било која активност што е потенцијална опасност за вашите нокти. Освен тоа не заборавајте дека на рацете се гледаат првите знаци на стареење. За да бидат рацете меки, нежни и негувани, секојдневната грижа за нив е задолжителна. Ако веќе имате знаци на оштетување од изложување на рацете на неповолни влијанија, односно кожата станала рапава и сува, најдобро е да пробате маска која ќе ја направите сами дома.
Еднаш неделно дозволете им на своите раце две три минути уживање.Во сад измешајте 4 лажици бадемово масло, 2 лажици кафеав шеќер и неколку капки лимонов сок. Со оваа смеса измасирајте ги рацете две минути и потоа исплакнете ги со млака вода, па нанесете крема.