• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

„ Работа, без игра“ е причина за нарушено ментално здравје на децата

by РиД 04/04/2023 0 Comment
 „ Работа, без игра“ е причина за нарушено ментално здравје на децата
фото:pixabay

Анксиозноста и депресијата кај децата и тинејџерите на училишна возраст во САД се на највисоко ниво.  Иако се смета дека различни причини придонесуваат за овој пад на менталното здравје, новата студија на тројца истакнати истражувачи специјализирани за детски развој укажува дека порастот на нарушувањата на менталното здравје e резултат на намалувањето на можностите за децата и тинејџерите да играат, шетаат и да се вклучат во активности независни и без контрола од страна на возрасните. Иако родителите тоа го прават со позитивна цел, нагонот да ги водат и заштитат децата и тинејџерите ги лишува од независноста што им е потребна за ментално здравје.

Тоа придонесува за рекордно ниво на анксиозност и депресија кај младите. Студијата покажала и дека слободата на децата да се вклучат во активности кои вклучуваат одреден степен на ризик и лична одговорност подалеку од возрасните, исто така, се намалува со текот на годините.

Ризичната игра, како што е искачувањето на дрво, помага да се заштитат децата од развој на фобии и ја намалуваат анксиозноста во иднина, преку зајакнување на самодовербата за справување со итни случаи. Меѓу многуте ограничувања кои влијаат на независната активност кај децата денес е и зголеменото време што тие го поминуваат на училиште и завршување домашни задачи. Помеѓу 1950 и 2010 година, просечната должина на учебната година во САД се зголемила за пет недели. Домашните задачи, кои некогаш биле ретки или ги немало во основно училиште, сега се вообичаени дури и во градинка. Покрај тоа, до 2014 година, просечното време поминато во одмор (вклучувајќи го секој одмор поврзан со периодот на ручек) за основните училишта било само 26,9 минути дневно, а некои училишта воопшто немале одмор.

Стручните лица укажуваат дека зголемувањето на училишното време и притисокот да се завршат сите обврски, со текот на времето влијае на менталното здравје. Односно тоа не само што ги намалува времето и можностите за независни активности, туку и го зголемува стравот од академски неуспех и од недоволно постигнување на целите, а тоа го прави директен извор на вознемиреност.

Затоа тие предлаат во грижата за безбедноста на децата да се намали улогата на возрасните, и како што растат децата да им се даваат сè поголеми можности самостојно да управуваат со нивните активности.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 768

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: анксиозност деца ментално здравје
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved