Пробиотици или добри бактерии
Пробиотиците се „добри бактерии„ кои служат за регулација на цревната флора при пролив, за зајакнување на одбрамбените способности на организмот, при употреба на антибиотици (спречуваат нарушување на нормалната цревна флора), при габични инфекции на цревата.
Се корисат за намалување на појавата на атопичен дерматит кај децата, при патничка дијареа, при синдром на иритабилни црева (стомачна болка, надуеност, пречки во варењето), при инфекции на цревата, при уклозен колитис. Најновите испитувања укажуваат дека пробиотицие го зајакнуваат нормалниот имунолошки одговор, иако точниот механизам на ова делување сеуште не е потполно разјаснет.
Како делуваат пробиотиците?
Како што се шумите обраснати со трева, која е нормална флора во нив, така и цревата се населени со „добри бактерии„, кои претставуваат цревна флора. Тие живеат здружено со човекот и овозможуваат варење на некои тешко сварливи намирници и овозможуваат производство на некои витамини. Како што плевелот може да се појави во шумата и да ја потисне тревата, така во цревата може да се појават некои „оши бактерии„ и да се населат, при што ги потиснуваат „добрите бактерии„ надвор од нивното живеалиште. Со употреба на антибиотиците, исто така се уништуваат „добрите бактерии„, при што „лошите бактерии„ кои се отпорни на дејството од антибиотиците, добиваат своја прилика да ги населат цревата. Кога овие „лоши бактерии„ ќе се размножат прекумерно, доаѓа до појава на пролив, болки, супер инфекции. Тогаш, со дополнителен внес на „добри бактерии„ може повторно да се воспостави нормалната цревна флора.
Како се користат пробиотиците?
Пробиотските бактерии ги има во јогуртот, со што многумина секојдневно ги користат, а за тоа воопшто да не се свесни. Значи, ако имате само една порција ферментирани млечни производи дневно, ќе ја подобрите состојбата на дигестивниот тракт. Најефикасни соеви на пробиотски бактерии се: Bifidobacteria, Lactobacilus, Saccharomices boulardi. LGG (Lactobacillus rhamnosus GG) се покажал најефикасен при патничките дијареи и при пролив предизвикан од земање антибиотици. Lactobacillus acidophilus е ефикасен при вагинални и габични инфекции, истовремено со земање антигабична терапија. Bifidobacterium bifidum (AB kultura) е корисен при ослабен имунитет. За регулација на вагиналната флора (габични инфекции, антибиотска терапија) се користи Lactobacillus bulgaricus.
Пробиотиците можат превентивно да се земаат ао антибиотска терапија, при што спречуваат нарушување на нормалната цревна флора. Антибиотиците кога ќе дојдат во цревата се ресобираат и преку циркулацијата стигаат во сите делови од телото, со цел да се елиминираат батекриите кои ја предизивкале инфекцијата. Сепак, тие ги уништуваат добрите бактерии во цревата, при што останува слободен простор, кој може да го населат „супер резистентните бактерии„ (оние кои се отпорни на атибиотикот и го преживуваат неговото дејство). Овие „супер резистентни бактерии„ се во најголем број патогени и доведуваат до компликации како што се пролив, тешки цревни инфекции. Со уништување на нормаланта вагинална флора, се остава простор за развој на габички, со што габичните инфекции се јавуваат како последица од употребата на антибиотици. Со цел да се спречат овие компликации корисно е при употребата на антибиотици, 2 часа по пиење на антибиотскиот лек, да се земе пробиотик. Ако се испијат истовремено антибиотскиот лек и пробиотикот, антибиотиците ќе ги уништат пробиотиците (добрите бактерии) и не би имало ефект на нивната употреба.
Во кој случај не смеат да се користат пробиотици?
Пробиотиците се безбедни за употреба, бидејќи и природно се наоѓаат во ферметнираните млечни производи.
Кои несакани дејства можат да се јават при примена на пробиотици?
При употреба на некои соеви пробиотици, во ретки случаи може да се јави надуеност и иритација на цревата.
Со кои лекови истовремено не треба да се земаат пробиотици?
Пробиотиците е корисно да се земаат 2 часа по примена на антибиотикот, со цел да се сочува нормалната цревна флора. Ако се земаат истовремено со антибиотиците, нема да има ефект, бидејќи антибиотиците ќе ги уништат.