Претераното конзумирање шеќер има долгорочни негативни последици по целокупното здравје
Шеќерот едноставно не можете да го избегнете, бидејќи го има речиси во сите продукти – во храната, пијалоците дури и лековите. Но, каков ефект има ова слатко задоволство на вашето ниво на енергија? Како влијае на вашиот мозок? Едноставно кажано, шеќерот ја забрзува енергијата. Ако храната е извор на енергија, логично е да посегнете кон храна која природно е богата со шеќер, како овошјето, но тоа често значи одвојување на повеќе финансии од домашниот буџет, па за да го задоволите мозокот се вртите кон слатките нешта, кои вредат помалку, но брзо ја задоволуваат вашата глад за шеќер. Сепак имајте во предвид дека честото конзумирање може да има негативно влијание на вашето здравје.
Терминот „високо ниво на шеќер“ не доаѓа од било каде туку значи дека конзумирањето слатка храна може да го активира мозокот, ослободувајќи го невротрансмитерот- допамин за добро чувство, кој е поврзан со зависност. Јадењето храна што содржи премногу шеќер исто така може да влијае на нивото на шеќер во крвта, дури и ако не сте дијабетичар. Нерегулираниот шеќер во крвта може да направи дисбаланс на многу работи во вашето тело, особено кога станува збор за вашиот мозок. Премногу шеќер може да влијае на когнитивните функции вклучувајќи ја меморијата, размислувањето и учењето. Исто така, може да влијае на вашето ментално здравје со предизвикување нарушувања како анксиозност и депресија.
Конзумирањето храна богата со шеќер директно е поврзано со хормоналниот баланс во организмот. Вашите хормони се клучни за сите видови на физиолошки функции од плодноста до метаболизмот до управувањето со стресот. Шеќерот може да влијае на здравјето на тироидната жлезда, што доведува до замор, зголемување на телесната тежина.
Честото конзумирање слатка храна може значително да влијае на плодноста. Пиењето еден безалкохолен пијалок со многу шеќер дневно, може да ја намали стапката на зачнување кај жените за една четвртина. Ова делумно се должи на способноста на шеќерот да влијае на квалитетот на јајце клетката.
Знаеме колку фрустрирачки може да биде справувањето со кожните проблеми како што се осип и акни, а шеќерот може да биде делумно виновен. Храната богата со шеќер од рафинирани јаглехидрати додаден шеќер и други извори може да го зголеми ризикот од развој на акни. Дел од ова се враќа во крвта и нивото на инсулин може да се зголеми со преработката на шеќерот во телото. Ова создава циклус на зголемено производство на масти и воспаление, што може да предизвика појава на акни.
Иако повеќето видови храна богата со шеќер нема никакви здравствени благодати, сепак убаво е чувството додека јадете нешто слатко. Значи, освен ако немате здравствено нарушување за што треба значително да го намалите внесувањето на шеќер, важно е да го живеете својот живот и да уживате во работите во кои уживате, но во умерени количини.