• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Забава

Предавање и работилница на светски познатите уметници Дан и Лиа Пержовски во МСУ-Скопје

by РиД 04/04/2023 0 Comment
 Предавање и работилница на светски познатите уметници Дан и Лиа Пержовски во МСУ-Скопје

Уметничкиот тандем Дан и Лиа Пержовски, кој преку цртежи ги потполнува ѕидовите на МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен, за првпат доаѓа во Музејот на современата уметност – Скопје. Ова е исклучително ретка можност во Скопје да присуствуваат светски познати уметници, кои ги поместуваат границите на современите уметнички практики денес.

Познатиот уметник чие изразно средство е цртежот Дан Пержовски, за првпат ќе биде гостин во Музејот на современата уметност заедно со Лиа Пержовски истражувачка, уредничка и концептуална уметница.

Утре, на 5 април во 19 часот, Дан и Лиа Пержовски ќе одржат предавање во МСУ насловено „Постојано репозиционирање, помеѓу локалното и глобалното“. Влезот е слободен за сите оние кои сакаат да ја искористат оваа ретка можност да го запознаат одблиску уметничкиот тандем. Предавањето се реализира во рамките на Интердисциплинарната програма на МСУ – Скопје.

На 6 април во 12 часот во МСУ – Скопје, Дан и Лиа Пержовски ќе одржат и работилница на тема „Цртање, разговарање и споделување“.

Ден Пержовски е светски познат автор кој го користи цртежот преку бројни форми, цртежи на ѕид, цртачки перформанси, активистички цртеж, уметнички книги, проекти изведени во јавен простор, печатење и независно издаваштво. Пержовски преку своите цртежи, ја адресира важноста на бројни општествени теми, како што се актуелните воени, финансиски и мигрантски кризи, проблемите поврзани со комуникацијата денес, политичките уредувања, како и прашања поврзани со современата уметност.

 Пержовски го трансформираше цртежот во медиум за информации и политички коментари. Изразувајќи сложени идеи преку брзо направени цртежи, инсталациите на Дан сугерираат како уметноста, или уметничкиот цртеж може да биде ангажиран.

Дан најчесто ги создава своите цртежи во светски познатите музејски простори, како оние во Музејот на модерна уметност во Њујорк, каде што ги создаваше пред очите на посетителите. Друга изложба на Пержовски пак е нацртана на ѕидовите од португалска банка и се состои од стрип цртежи, кои се однесуваат на повеќе европски прашања како што е прифаќањето на Романија во ЕУ и легализацијата на абортусот во Португалија. Неговата работа ги одразува, над се, човечките прашања, и општествените односи.

Пержовски има реализирано бројни самостојни изложби во МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, ВанАбе Музејот во Ајндховен, МАКРО во Рим, Киазма Хелсинки и Лудвиг Музејот во Келн.  Учествува на бројни престижни групни изложби и манифестации, како Документа 15, Биеналето во Венеција, Биеналата во Истанбул, Лион, Џакарта, Сао Пауло и Сиднеј. Од 2010 година, Пержовски го продуцира цртачкиот проект  во јавен простор насловен „Хоризонтален весник“, во Сибиу Романија.

Лиа Пержовски е истражувачка, уредничка и концептуална уметница.  Таа е основач на неколку платформи и институции како „CCA“ – архивата за современа уметност Букурешт и „КМ“ – Музејот на знаењето, како и „TSK“ – Телескопскиот простор на знаењето.  Лиа Пержовски има реализирано самостојни изложби во Нашер музејот во Далас, Галеријата Иван во Букурешт, Музејот ESPAI Castellon во Шпанија, како и редица групни изложби, меѓу кои во Центарот Помпиду-Бобур во Париз, Тејт Модерн Лондон, МАКБА Барселона и Биеналата во Сао Пауло и Сиднеј.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 418

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved