Поткожните мозолчиња никогаш не ги стискајте
Поткожните мозолчиња обично се појавуваат во вид на црвени болни испакнатини било каде на кожата. Немаат гној на врвот и затоа не се препорачува нивно стискање бидејќи само ќе ја иритирате кожата. Можат да се појават на лицето, вратот или грбот. Тие полека растат и не се опасни по здравјето, но можат да станат непријатни ако се развиваат и појавуваат неконтролирано. Кога сте во тинејџерските години ништо не е необично ако ги забележите на кожата мозолчињатза но ако се големи, црвени, болни и воспалени испакнатини, тогаш тие се поткожни или т.н цистични акни.
Причини за појава
Поткожните мозолчиња можат да се лекуваат. Никако е чекајте да поминат сами и не ги стискајте. Цистичните акни можат да се задржат со години. Тоа може да влијае на големи делови од кожата и да остави трајни лузни. Дерматолог може да ви помогне со план за нивно лекување. Најчеста причина за нивното појавување е кога порите на кожата се запушени, обично со мртви клетки од кожата. Понекогаш бактериите се заробени внатре во порите, што исто така предизвикува подрачјето да стане црвено и отечено. Цистичните акни настануваат кога оваа инфекција ќе навлезе длабоко во кожата создавајќи црвен чувствителен јазол кој е полн со гној. Тоа може да боли и чеша. Ако цистата пукне, инфекцијата може да се прошири, предизвикувајќи повеќе поткожни акни.
Сериозните цистични акни најчести се кај мажите, но можат да се појават и кај жените најчесто на долната половина од лицето и на брадата. Тие се создаваат од лојните жлезди кои произведуваат маст наречена себум и ги обложува кожата и косата. Цистите можат да се развијат ако жлездата има нејзин канал или премин таму каде маста има можност да помине и остануваат блокирани или оштетени. Тоа обично се случува при трауми во одредена област. Таа траума може да биде гребаница, хируршка рана или состојба на кожата како што се акни. Поткожните мозолчиња растат полека, така што траумата може да се случила и со месеци пред да ги забележите.
Природно лекување
Поставете топла облога на цистите на 15 минути неколку пати дневно. Тоа помага да се отворат порите и ја извлекува инфекцијата. Иако тоа нема да ги отстрани акните сепак го намалува нивниот век на траење. Топлите облоги од млеко можат да помогнат да ги извлечете цистите. Пастата за заби има ефект на сушење и помага при сушење на мозолчињата. Медот може да помогне во зајакнување на имунолошкиот систем, па обидете се да земате секој ден по една лажица мед, исто така может да го натапкате во секоја циста 10 минути, пред туширање.
Од природните лекови обидете се со комбинација на нерафинирано сусамово масло во 1-2 лажици куркума во прав, за да добиете паста која ќе ја нанесет на загрозените зони и ќе оставите да дејствува еден час пред да се измиете. Користете го лекот еднаш до два пати дневн о, неколку дена по ред. За лекување од внатре, ставете 1/2 лажичка куркума во прав во чаша топло млеко и пијте го еднаш дневно.
Измешајте еднакви количини сиров нерафиниран јаболков оцет и вода. Натопете памучен туфер во овој раствор и ставајте го на болната кожа да стои 15 минути, па измијте се со вода. Повторете ја постапката два пати дневно неколку дена,. Исто така додадете една лажичка нерафиниран јаболков оцет и малку мед во чаша топла вода и пијте еднаш или два пати дневно. Овој тоник ќе ги спречи акните и други кожни проблеми.
Со 1-2 капки масло од чајно дрво на памучен туфер натапкајте на зоните зафатени со поткожни мозолчиња и оставете да дејствува неколку часа или преку ноќ. Оние со чувствителна кожа мораат да разредат еден дел од ова масло со три дела вода. Алтернативно помешајте 4-5 капки масло од чајно дрво со 1 лажичка мед и нанесете на критичните места да дејстувува 15 минути, а потоа измијте се со вода. Користете било кој од овие лекови еднаш дневно недела дена.
Една лажичка сода бикарбона со сок од краставица измешајте да добиета паста. Ако немате ваков сок, користете обична вода. Нанесете ја на поткожните мозолчиња и оставете да дејствува неколку минути, а потоа измијте се со млака вода. Повторете ја постапката еднаш до два пати неделно.
На прв знак за акни, натапкајте малку масло од лаванда на зоната 2-3 пати дневно. Исто така помешајте неколку капки од лаванда со благо средство за чистење и користете го ова за миење на лицето два пати дневно. Друга опција е да го испарите лицето темелно со приготвена чинија врела вода со 4-5 капки етерично масло од лаванда. Покријте ја главата со пешкир и стојте над садот 5-10 минути додека водената пареа тече по вашето лице. Повторет ја постапката 2-3 пати неделно.
Глината е исто така благотворна за оваа состојба. Потребно е да приготвите паста од 1-2 лажици глина со 1/2 лажичка мед и да ја нанесете на лицето. Откако ќе се исуши измијте се со вода. Постапката повторете ја еднаш или два пати неделно. Сокот од алое вера истиснат од лист од ова растение или алое вера гел, како замена намачкајте на критичните зони и масирајте се 2-3 минути. После 3-5 минути измијте се со млака вода. Можете да ја повторувате постапката секој втор ден додека не бидат видливи резултатите.
Никако не ги чепкајте акните, односно не ги стискајте. Така можете да ја “бутнете“ инфекцијата подкожно и да ја влошите состојбата.
Ако ситуацијата е критична морате да побарате совет од лекар, кој ќе го одреди најефикасниот начин за вас.