Постот е одличен за детоксикација на организмот
Забрзаното животно темпо, присутноста на токсини во храната и воздухот, влијаат на општата состојба на организмот. Факт е дека треба повремено да го исчистите организмот од токсини. Најчесто за таа цел бирате диети кои значат помало внесување штетни материи, користење храна која е богата со витамини, нутриенти и антиоксиданси, како и многу продукти богати со влакна и вода кои ги извлекуваат и елиминираат штетните отрови.
Една од традиционалните методи за чистење на организмот која се практикува во сите култури во светот е постот. Тој се разликува, зависно од традициите, такашто постот во некои религии и култури бара откажување од месо и други производи од животинско потекло, целодневно гладување или воздржување од одредени видови храна во одредени денови, недела или година. Отстранувањето на отровите од организмот што е темелно значење за поимот детоксикација, може да се спроведе на различни начини, а секак ќе го изберете според сопсствените цели и можности.
Пост со вода – наједноставен, но и најинтензивен начин на детоксикација. Во тек на постот се пие само вода и тоа по можност изворска, најмалку по два литри на ден. Траењето на постот зависи од општата состојба, бидејќи оваа детоксикација е најбрза, но и потенцијално најопасна. Забрзаното излачување на насобраните токсини може да предизвика разни тешкотии, бидејќи брзо доаѓа до исцрпеност и неможност за извршување на секојдневните активности. Затоа овој пост се препорачува само во кратко време.
Пост со сокови – во текот на овој пост дозволени се само свежо приготвени сокови од свежо овошје и зеленчук, како и растителни чаеви и вода. База се сокови од зелен зеленчук. Постот со сокови го чисти телото и во исто време го обезбедува со хранливиматерии. Детоксикацијата со растителни сокови пожелно е да се спроведува најмногу три дена.
Пост со каши од свежо овошје и зеленчук – за разлика од постот со сокови конзумирањето каши овозможува внесување и на растителни влакна, кои даваат чувство на ситост и го забрзуваат излачувањето на столицата. Детоксикацата со каши е со среден интензитет, но се поднесува многу полесно од претходните два типови пост.
Елиминациска диета – е детоксикација при која ги елиминирате продуктите кои сте ги процениле како потенцијално штетни за вашето здавје. Тоа може да се преработени тешко сварливи продукти, млечни производи, црвено месо или пченица. Оваа диета е одлична подготовка за пост. Со овој здрав режим на исрхана ќе можете да го одржувате телото во добра форма во текот на цела година.
Кој било програм за детоксикација да го изберете користете чисти и органски производи, избегнувајте преработена храна, шеќер, сол и рафинирани произоди како бело брашно и ориз. Исто така избегнувајте производи кои предизвикуваат кисела реакција во организмот, а тоа се црвено месо, овошје и зеленчук кои содржат скроб, пченица и млечни производи. Поминувајте што повеќе време на свеж воздух и во природа. Не заборавајте ја физичката активност, но прилагодете ја на нивото на енергија која ја имате. Препорачливо е пред почеток на детоксикацијата да се посоветувате со лекар.
Предности на постот:
- обнова на цревната флора
- отстранување на отоци
- чистење на кожата
- губење на вишокот килограми
- виталност
- ублажување на болести и тегоби
- зајакнување на имунитетот
- подобра концентрација
- растеретување на дигестивниот систем
- подобро општо расположение
Пред почеток на постот подгответе се така што ќе ги намалите оброците и ќе јадете полесни јадења. Вежбите сведете ги на полесни и во пократки интервали. Најдобра вежба е пешачење. Одморајте секогаш кога имате потреба.
Во тек на детоксикацијата можат да се појават непријатни нуспојави како главоболка, мачнина, течење од носот, дијареа, но имајте предвид дека тоа се минливи нуспојави кои покажуваат дека организмот се чисти од токсини. Брзо ќе ги снема и потоа ќе ги почуствувате благодетите на детоксикацијата.
Детоксикацијата не е препорачлива во следните состојби:
- ако сте дијабетичар зависен од инсулин
- ако сте трудни и доите
- ако земате лекови кај кои е важна стабилна концентрација на крвта
- ако боледувате од било која болест во која промената на хемиска рамнотежа во организмот може да биде опасна
- ако боледувате од рак или друга болест во напреден стадиум поради што нагло губите тежина
- не е препорачливо за деца
Детоксикацијата на подолг период се спроведува под лекарски надзор. Посебно важно е со него да се консултирате за какви било проблеми.