Поинакво родителство: детето спие кога тоа сака, а се храни вегетаријански
Американката Алис (22) вели дека сака нејзиниот 19-месечен син Ферн да порасне во што е можно поприродно опкружување; поради што го храни само органски одгледани производи и му дозволува да спие според сопствениот „природен циклус“.
Покрај тоа, оваа карактеристична млада мајка вели дека вештачкото млеко за бебиња; исто како кремите со SPF заштита; треба да се „забранети со закон“; а кај неа нема ни време да спие – па едноиполгодишниот син сам решава кога ќе спие, според својот деноноќен ритам.
Таа го објасни сето тоа во нејзиното Тик ток видео, каде појаснува дека малиот Ферн ја следи својата интуиција која му кажува кога треба да легне, а истото го прават и таа и нејзиниот сопруг, односно сите си легнуваат „кога ќе им дојде“, без правила и распореди.
View this post on Instagram
– Обично си легнувам помеѓу 21 и 23 часот, а потоа го прашувам Ферн дали е подготвен да спие и тој, но најчесто ми одговара „сè уште не!“ . Ферн често си легнува последен, помеѓу полноќ и три часот наутро – изјавила Алис која за неколку месеци го чека своето второ дете.
Освен што се обидува да го воспитува синот „што е можно поприродно“, таа го храни исклучиво со природна, органски одгледана храна, а со своите следбеници сподели како изгледа оброкот на мало веганче кое штотуку јадело алги, круши и ѓеврече. Неговото мени исто така вклучува смути, авокадо на леб од квасено тесто, мафини и вегански сладолед од чоколадо и органски ладно цеден сок.
– Јас и мојот сопруг решивме еден ден да бидеме вегани и се држиме до тоа, но не е секогаш лесно – признава оваа мајка која вели дека храната и била ‘одвратна’ на почетокот па морала да се навикне на многу нови вкусови.
– Најтешко ни беше да најдеме замена за кечапот! – вели таа.
И додека едни ја поддржуваат, има и такви кои не и‘ веруваат.
View this post on Instagram
„Ме интересира; Што прави веган бебе додека спијат мама и тато вегани?“ – саркастично праша еден слебеник, кој се надовра на нејзината изјава дека малиот Ферн последен заспива.
Бидејќи Алиса одговорила дека „не знае“, повеќето следбеници се интересирале како не се плаши дека бебето нема да се повреди, а што таа одговорила дека „досега е добро и верува дека ништо нема да му се случи во иднина…“ пренесува The Sun.