Пијте чај и кажете му збогум на пролетниот замор
Пролетниот замор е состојба која секој ја искусил. Иако не е болест, сепак преидзвикува намалување на енергијата и нерасположение. За оваа состојба можете да си помогнете со промена на исхраната, а воедно има и многу лекови од народната медицина кои помагаат во ова. Телото има потреба да се хидрира за да се намали чувството на замор, а во тоа ќе ви помогнат чаеви од билки.
Изборот е голем. Семето од синап, една лажица, сварена со 600 милилитри врела вода 5-6 минути, е чудесен освежителен чај го намалува пролетниот замор, дава прилив на енергија. Се пие три пати на ден, не повеќе од мало филџанче пред секој оброк.
Чајот од рузмарин е друг пијалак кој има тонизирачко дејство и може успешно да го замени вашето утринско кафе. Во комбинација со мед има посилно тонизирачко дејство од кофеинот. Една лажичка од сушен рузмарин с евари 10 минути во половина литар вода.
Зелениот чај е на прво место со своите антиоксиданти својства и содржина на кофеин кои помагаат во хидрирање на организмот а тоа го намалува пролетниот замор.
На овој начин се врши детоксикација на организмот која ќе ги исфрли сите токсини од телото натрупани во зимскиот период и од тешката зимска исхрана, а вие ќе бидете полетни и полни со енергија.