Пита со праз
Состојки:
– 1 кг брашно, вода по потреба, 1/2 лажичка сув квасец, сол, масло
За филот
– праз, урда и јајца
Приготвување:
Во еден сад измешајте ги брашното, солта, сувиот квасец, малку масло и почнете да додавате вода и да месите средно меко тесто. Готовото тесто убаво размесете го, па исечете го на помали парчиња и лесно расукајте ги со дебелина до еден сантиметар. Потоа секоја ваква кора, премачкајте ја со масло и оставете ја на намрсена површина да стои половина час. За тоа време исечкајте го празот ситно и ставете го да се пржи во масло на средна температура. Додајте ја урдата и кратко промешајте. Зачинете со сол и црн пипер, тргнете го садот на страна да се излади смесата, па додајте го матеното јајце. Земајте од корите и развлекувајте ги на чаршав. Потоа од филот расфрлете по кората. Попрскајте со масло и почнете со чаршавот да ја виткате кората кон внатрешноста. Првата кора завиткајте ја во полжав и ставете ја на средината од тепсијата. Другите кори подгответе ги исто само сега редете ги околу првата кора, додека се исполни тепсијата. Посипете со малку масло и ставете да се пече.