Пилешка тава
Состојки:
– 500 г пилешко бело месо, 300 г маринирани печурки, 200 мл вода, 200 мл млеко, 200 мл бело вино, 1 филџан масло, 1 кесичка доматно пире, 1 павлака, сол, црн пипер, лаворов лист
Приготвување:
Исечкајте го пилешкото месо на коцки, потоа додајте го маслото и кратко пржете го. Зачинете со малку сол и црн пипер. Додајте ги млекото, водата и белото вино. Покријте го садот и оставете го да се динста додека омекне месото. Додајте ги печурките и нека се динста уште малку. На крај додајте го доматното пире, павалаката, промешајте и потоа зачинете со оригано, лавор и по потреба со уште сол. Тавата по желба можете да ја послужите веднаш или да ја потпечете во рерна. Послужете ја со прилог по избор – варен ориз и мешан зеленчук, или бешамел крем од варени и пасирани компири, моркови и брокули.