Петар Грашо се жени
Една од најпопуларните двојки на балканската естрада, Петар Грашо и Хана Хуљиќ, денеска ќе го кажат судбоносното „да“ во црквата Св.Фране во Сплит, во присуство на најблиското семејство и пријателите меѓу кои се и некои познати имиња. Кума на Хана и е сплитската пејачка Доменика, а кум на Грашо ќе му биде поранешниот кошаркар, Дино Раџа.
Хрватскиот пејач и неговата избраничка чекаат принова, а веднаш штом беше објавена таа вест веќе беше најавена и венчавката.
За врската на Петар Грашо со ќерката на познатиот Тончи Хуљиќ во јавноста се дозна во октомври минатата година. 45-годишниот пејач кој претходно беше во долгогодишна врска со неговата колешка Данијела Мартиновиќ, со 14 години помладата Хана Хуљиќ во 2016 година соработуваа на песната „Срце за водича“, а Грашо со години е близок со нејзиното семејство.
View this post on Instagram