Патувањето со деца на одмор може да биде забавно
Ги спакувавте сите торби во багажникот, во стилот на играта тетрис; ги сместивте децата во нивните седишта; ги поделивте омилените грицки и играчки. Конечно тргнувате на пат. И тогаш доаѓа првото : „ Стигнавме ли?“. Сфаќате дека ќе ви бидат потребни сите средства за да го поминете патувањето спокојно, а на децата да им биде забавно. Ви нудиме неколку едноставни игри за сите возрасти, кои можете да ги играте во автомобил.
- Броење крави
Еден од патниците го брои времето. Друг ја кажува темата, на пример, крави, овци, црвени автомобили итн. Секој патник треба да изброи колку може повеќе за одредено време. Ако вашето малечко се уште не знае добро да брои, покажете му кко да ги користи прстињата.
- Натпревар во бои
Именувајте една боја и предизвикајте ги вашите деца да забележат што е можно повеќе предмети во таа нијанса( знаци, згради, автомобили). Започнете со стандардните бои, како црвена или бела, па продолжете со поретките бои како виолетовата.
- Имитирај
Еден од патниците е „водач“ а другите имитатори. Имитаторите треба да повторуваат сè што прави или зборува водачот, во одредено време. По истекот на времето, се менува водачот. Најдобро е во оваа игра возачот да не учествува.
- Гледам…
Со оваа игра ќе ја намалите досадата во автомобилот. Еден од вас замислува предмет во автомобилот или покрај патот, а другите погодуваат. На пример, „Гледам со моето мало око…. нешто големо и црвено“. Додавајте насоки се додека некој не го погоди предметот.
- Животински лудории
Во оваа забавна игра секој од патниците наизменично прави звук од животно, а сите други се обидуваат да го погодат животното.
- Долга приказна
Правилата се едноставни. Еден патник ја започнува приказната, раскажува една минута, а потоа продолжува следниот. Приказната може да оди до недоглед, се додека некој не реши да и даде крај.
- На буква, на буква
Може да започнете од почетокот на азбуката. Секој од патниците треба да забележи предмет што започнува на буквата А. Потоа се продолжува со буквата Б, и се до крајот на азбуката. Играта може да се игра и со тоа што наместо да барате предмети на таа буква, да ја барате буквата на знаците покрај патот, или на регистарските таблички.
- Тивка игра
Океј, ова е помаку игра, а повеќе обид за малку мир при патувањето. Предизвикајте ги сите во автомобилот да молчат што е можно подолго. Оној кој најдолго ќе молчи е победникот во натпреварот.