• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Забременување Сакам бебе

Осум индикатори за рана бременост

by РиД 01/03/2022 0 Comment
 Осум индикатори за рана бременост

Отсуството на менструација не мора да биде единствениот показател. Обрнете внимание на следните осум фактори кои укажуваат токму на тоа…

Гадење (не само утринска мачнина)

Сите знаеме дека мачнината е главниот показател дека имаме друго суштество во нас. Не игнорирајте ја  и припишувајте ненадејната мачнина на лош сендвич. Утринската мачнина може да се одложи и да се појави во секое време од денот или ноќта, во зависност од нивото на  естроген и прогестерон.

Чувствителни гради

Ако градите ви се исклучително чувствителни на допир што едвај можете да се допрете, мора да ве предупредиме дека можеби не е ПМС. Две, три недели по зачнувањето, хормоналните промени може да предизвикаат градите да бидат исклучително чувствителни и нежни дури и на најмал допир.

Се чувствувате поспано

Ако си легнете порано од вообичаено и сте поспани, … да, можеби во вас спие мало суштество! Ова е благодарение на прогестеронот, кој се зголемува во раната бременост. Вашето тело деновиве работи со полна брзина, затоа сонот му е неопходен.

Одеднаш една храна не можете да ја поднесете, а друга ја обожавате

Мирисате храна во друга куќа, наеднаш сакате да пробате нешто и ви се гади од друга храна? Хммм, да не претеруваме, но и ова може да биде предупредувањеод телото дека сте бремени. Зголеменото ниво на естроген ја овозможува оваа „состојба“.

Имплантациско крварење

Доколку забележите дамки од крв на долната облека, немојте веднаш да се радувате на менструацијата. Имплантациското крварење е можеби еден од најраните симптоми на бременоста. Се јавува 6 до 12 дена по зачнувањето и се јавува кога ембрионот е прифатен на ѕидот на матката. Кај некои жени може да се појават менструални грчеви.

Промени во расположението

Ако плачете за време на серијата (а ја немате таа навика) или ве изнервира некоја реклама, сепак не е неподнослив ПМС. Поплавата од хормони во раните месеци од бременоста е сосема нормална работа, како и солзи и смеа, радост и хистерија.

Вртоглавица

Ако се чувствувате како да сте мамурни или како да сте се возеле на брод, сосема е веројатно дека имате вртоглавица, која  е многу честа појава во бременоста. Причина за тоа е ширењето на крвните садови што доведува до намалување на крвниот притисок. Поради тоа вртоглавицата е толку честа појава во раната бременост.

Koнстипација

Ако не сте направиле големо празнење 2 дена (а досега не сте имале проблем со тоа), може да е бременост. Ако мислите дека тоа е возможно, еве објаснување: Зголеменото ниво на прогестерон го забавува минувањето на храната, па запек се јавува во раната бременост.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 912

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: вртоглавици забременување имплатанциско крварење
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved