Ослабнете ефикасно и здраво, со ладно цедено екстрадевствено маслиново масло
Педесет милилитри ладно цедено екстра девствено маслиново масло, според мислењето на американската нутриционистка и професорка по клиничка медицина д-р Мери Флин е доволно за слабеење. Секако, таа објаснува дека само конзумирање 50 мл (3 лажици) маслиново масло не е доволно за слабеењето, туку мора да биед во комбинација со здрава медитеранска исхрана.
Оваа исхрана е позната како т.н златен стандард на исхрана, бидејќи во себе ги соединува сите важни компоненти кои на човекот можат долгорочно да му помогнат во редукцијата и одржувањето на телесната маса, т.е во превенција на многу хронични болести карактеристични за денешниот начин на живот.
Медитеранската исхрана е умерено калориска исхрана, се темели на дневно внесување интегрални житарки, свежо овошје и зеленчук, зголемено внесување риба, маслиново масло, и намалено внесување на црвено месо, млеко и млечни производи. Дозволено е често внесување на ароматични и зачински билки кои се одличен извор на многу биолошки активни соединенија. Препораката на лекарката е дневно со три лажици маслиново масло да се прелие омилената салата.
Исто така стручњаците тврдат дека килограмите можете да ги губите така што два пати дневно меѓу оброците ќе пиете по една чаша јогурт со 1-2 лажици екстра девствено маслиново масло. Според направените истражувања кај група волонтери кои во текот на три месеци секој ден конзумирале по 500 мл јогурт со маслиново масло, се покажало дека имале одлична крвна слика, а килограмите се намалиле. Тајната е дека со оваа комбинација во организмот се внесуваат по 200 калории помалку на ден.
Како предлог диетално мени за викенд можете да го пробате следното:
Прв ден – за појадок – нискокалоричен јогурт и свежо сезонско овошје. За ручек – барена риба и интегрален ориз зачинети со екстра девствено маслиново масло и лимонов сок, свежо овошје, солени стапчиња или кекси од интегрално брашно.
Втор ден – за појадок – сок од 1 грејпфрут или портокал, кекси од интегрално брашно, мед. За ручек – чорба од зеленчук без запршка, јунешка шницла на жар зачинета со малку екстра девствено маслиново масло и лимонов сок, зелена салата зачинета со екстра девствено маслиново масло и лимонов сок, свежо овошје, бисквити од интегрално брашно. За вечера – салата од домати и младо сирење зачинета со екстра девствено маслиново масло и лимонов сок, свежо овошје, бисквити од интегрално брашно.