Освежително смути
Состојки
– 250 мл млеко, неколку листови кељ, 1 чаша замрзнати јагоди, 1 црвен цитрон (или 2 портокала), 1 лажичка путер од кикирики, 1 лажичка кокосово масло
Приготвување
Ставете ги во блендер состојките и миксирајте додека добиете воедначена смеса. Сервирајте ги во две чашки или една голема, со широки сламки за пиење. Ако го подготвувате пијалокот за возрасни можете да додадете 2 лажички мелен ѓумбир.