Овошни маски за поубаво лице
Наместо употребата на силни фармацевтски препрати кои ни ги наметнува брзото темпо на животот, издвојте малку време за себе и претворете ја кујната во креативен салон на убавина
1. Банана и јогурт за помека кожа
Измешајте филџан јогурт со пола банана, па нанесете ја сместа на лицето по пилинг. Вака ќе ја омекнете и нахраните кожата.
2. Киви против брчки
Ако имате над 25 години треба да ја користите оваа маска барем еднаш неделно. Излупено киви изблендирајте, исцедете го вишокот вода и додајте лажичка мед. Нанесете ја маската на лице и ставете да дејствува 20 минути. Високата содржина на витамини ја поттикнува регенерацијата на кожата.
3. Портокал за одморен изглед
Излупете портокал и измиксирајте го. Добиената каша распоредете ја по лицето избегнувајќи го просторот околу очите. Оставете да стои три минути. Потоа темелно измијте го лицето со топла вода и ќе изгледате преродено.
4. Лимон за чувствително лице
Изматете пола жолчка со пола лажица маслиново масло, 4 капки сок од лимон и нанесете на лице. Кога ќе се затегне маската отстранете ја со парче вата натопена во топла вода. Потоа нанесете хранлива крема.