• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Кујна

Овие состојки во храната задолжително избегнувајте ги

by РиД 06/05/2022 0 Comment
 Овие состојки во храната задолжително избегнувајте ги
фото: pixabay

Обичните производи со помош на многу вештачки додатоци стануваат попривлечни во изглед и вкус. Но, претераното конзумирање такви производи може да му наштети на вашето здравје, затоа читањето и на најситните букви на декларацијата е важно, бидејќи само така можете да откриете што навистина јадете.

1. Засладувачи – голем број „здрави“ продукти кои се декларираат како без шеќер, во себе содржат состојка за засладување, аспартам, препознатлив по ознаката Е951, а го има и во гумите за џвакање, бомбоните, разните диетални пијалаци, па и чоколадото. Предизвикува вртоглавици, грчеви во стомак и замор, кои се резултат на претерано конзумирање прозводи со оваа состојка.

2. Засилувачи на вкус – грицките, зачините, супите од кесичка, содржат засилувач на вкус, мононатриумов глутаминат, кој се крие под ознаката Е621. Оваа состојка се користи за истакнување на вкусот во јадењата, а е многу штетен, бидејќи може да влоши бројни сериозни состојби и да предизвика дебелина.

3. Бои – природните бои со тек на време речиси целосно се заменети со вештачките кои се означени на производите со ознаки од Е100 до Е181. Ги има во слатките, бисквитите, а најмногу во енергетските пијалаци со примамливи неонски бои. Предизивикуваат проблеми со кожата, причинители се на бројни алергии, затоа децата посебно треба да ги избегнуваат.

4. Конзерванси – состојки кои првенствено служат за да се продолжи рокот на траење, а ги има во секојдневните продукти како млеко, сувомесни производи, под ознаката Е285 и Е1105. Токму тие се причината поради која со тек на време децата развиваат хиперактивност, кожни алергии и сл. Затоа секогаш изберете свежи продукти и сами гответе оброци.

5. Емулгатори – состојките кои ја подобруваат текстурата на производите и ги поврзуваат сите состојки кои природно не е можно да се поврзат, ги има во многубројни готови слатки, сосови, паштети, замрзнати јадења. Тешко е да се избегнат, но затоа конзумирањето на овие производи треба да се сведе на минимум.

6. Вештачки антиоксиданси  – под ознаките од Е300 до Е340, ќе ги забележите вештачките антиоксиданси. Иако се истакнуваат како корисни состојки, тие немаат врска со природните антиоксиданси кои се благотворни за организмот. Природните антиоксиданси најмногу ги има во свежо овошје и зеленчук.

7. Згуснувачи –  се користат со цел да се создаде вештачка густина, а ги има во готовите супи, намази, кремови под ознаките Е1404 (модифициран скроб), Е412 (гуар-гума), Е415 (ксантан- гума). Ако се конзумираат во големи количини, предизвикуваат намалување на железото во крвта и алергиски реакции.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 826

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: антиоксиданси емулгатори засладувачи храна
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved