Овие две работи децата никогаш нема да ви ги простат
Децата можат да им се налутат на родителите. Понекогаш дури ветуваат дека никогаш нема да им простат или заборават. Често овие “слатки“ закани ништо не значат. Но, постојат и други случаи, кога постапките на возрасните, на децата навистина им нанесуваат длабоки емоционални рани.
Кога тие деца ќе пораснат, можеби ќе успеат да ги разберат причините, но не и да простат.
Овие две работи децата најчесто никогаш не им ги простуваат на родителите!
- Прекршени ветувања
Ако не постои начин да исполните некое ветување, подобро да не го давате. Ова е вистина која возрасните ја кажуваат уште од најрана возраст, зарем не? И тоа му го повторуваат на детето одново и одново, барајќи детето да биде од збор и да ги исполнува своите ветувања.
Но, возрасните често сами ги кршат ветувањата, истовремено секогаш пронаоѓаат изговори- не можеле, некоја друга причина ги спречила во тоа, родителите имаат толку проблеми што едноставно не можат да стигнат на сите страни.
Нема да верувате колку низа години децата знаат да веруваат во некои ветувања и молкум секојдневно да трпат разочарување што тоа ветување не е исполнето. Често и никогаш не забораваат. - Непочитување
Многу родители се држат до тоа дека децата се мали и сѐ ќе заборават. Но, тие забораваат и дека децата не се возрасни, па ги омаловажуваат нивните успеси и достигнувања, кои воглавно се мали, баш како нив. Кревката, нежна и весела детска душа ќе сака да ја пофалите за нешто мало, а вие мислите дека тоа не е ништо посебно и дури го кажувате истото, не знаејќи колку со тоа го повредувате детето.
На пример, девојче сака само да шие облека за кукли. Родителите ѝ велат дека тоа е губење време и треба да се посвети на нешто покорисно. На почетокот тоа се фустани кои се расшиваат, но, со тек на време се сѐ подобри и поубави. Кога ќе порасне тоа девојче успева да направи успешна кариера во светот на модата, но засекогаш ќе носи во себе еден грд спомен – нејзините родители никогаш не веруваа во неа.
Внимавајте што им ветувате на децата. Внимавајте што им кажувате за нивните страсти и хоби. Постои голема шанса некои невнимателни зборови никогаш да не ви ги простат.
Вие дали се сеќавате на некое прекршено ветување од родителите кое и ден денес ве боли?