Нутела торта
Состојки:
– 380 г какао бисквити, 380 г нутела крем, 70 г путер, 400 г павлака, 400 г кисело млеко, 1 банана, 1 шлаг
Приготвување:
Изматете ги павлаката и киселото млеко во хомогена смеса. Со мискер изматете ја нутелата со путерот, да добиете воедначена смеса. Додајте ја оваа смеса во павлаката и изматете лесно. Во тава редете еден ред бисквити, над нив фил, па повторно бисквити, сечкана банана, па фил и така додека завршите со чоколаден фил. Декорирајте со матен шлаг.