Нечистиот прибор за шминкање е легло на бактерии
Приборот за шминкање мора редовно да го одржувате чист, ако сакате да ја сочувате кожата убава и чиста. Ако не го миете, тогаш тој станува легло на бактерии, нечистотии, наслаги од масла и масти. При шминкање тоа го пренесувате на кожата и можете да замислите што ќе & се случи на вашата кожа. Не само што ќе се појават акни и кожата ќе се иритира, туку може да дојде и до потешки инфекции и воспаленија за кои ќе ви биде потребна лекарска помош. Затоа еднаш неделно измијте ги четкичките за сенка, руменило и пудра во топла вода со малку антибактериски гел.
Освен четките уште еден начин да направите проблем на кожата од лицето е постојаното допирање. Имајте на ум дека вашите раце не се секогаш потполно чисти и најчесто има на нив бактерии и нечистотии. При допирање на лицето ги пренесувате и со тоа создавате можнст за развој на бактериски инфекии. Во никој случај не помислувајте да стискате видливи акни и мозолчиња со раце кои не се претходно добро измиени.