Во конкуренција на врвни светски медицински институции македонската болница „Неуромедика“ беше селектирана на Форумот за врвен квалитет и менаџмент кој се одржа на 7ми октомври во Кан, јужна Франција, за Најдобра регионална болница, а директорот на „Неуромедика“, Д-р Емил Угриновски ја доби наградата Менаџер на годината. Свечениот настан се одржа во монденскиот Кан во Intercontinental Carlton Hotel на кој со големи почести организаторот ги додели наградите за „Неуромедика“ на директорот Д-р Емил Угриновски. На Форумот Neuromedica ги презентираше своите достигнувања, успеси, клиниките, современата медицинска опрема, персоналот и најновиот проект новата болница „Неуромедика“ во Скопје, која треба да започне со работа до крајот на оваа година.
Ова за Neuromedica во своите речиси 25 години постоење како прв приватен медицински бренд во Македонија е огромен достиг и најголема професионална сатисфакција и мотив за да се остане на патот кон континуираниот раст и развој. Овие награди се само потврда на вложениот труд и целосната посветеност на воведување на врвно здравство во земјата и регионот кое се темели на непрекинатото инвестирање и унапредување на медицинската инфраструктура и непоштедното залагање на целиот персонал во „Neuromedica“.
Директорот Д-р Емил Угриновски со презентација и говор на Форумот ја претстави целосната слика за Neuromedica и се она што значи Neuromedica во регионот на Балканот која како здравствен бренд веќе долги години е лидер во областа на најсовремената дијагностика и примарната и секундарната здравствена заштита во Македонија која е главна дејност и во она што се најдобри. Значајна беше бројката од над 148.000 пациенти во 2015 година која за една мала држава како нашата е огромна за една приватна здравствена институција.
Форумот е во организација на Сократ – Комитетот за Номинации и Европската Медицинска Асоцијација кои делуваат при престижната организација Europe Business Assembly од Оксфорд, Англија. Наградите за Најдобра Регионална Болница и Менаџер на Годината биле основни 2000-та година за да ги промовираат најдобрите регионални медицински институции и нивните лидери од целиот свет, за да можат лесно преку овој настан-форум да ги промовираат своите услуги и програми во медицинските, научните и бизнис круговите.