Необичен хуман гест на Бред Пит
Бред Пит неодамна го продаде својот имот во Лос Анџелес за околу 40 милиони долари и веднаш се дозна за неговата дарежливост. Имено кога во 1994 година 59-годишниот актер го купил имотот тој бил голем 1,9 хектари и вредел само 1,7 милиони долари.
Бред го купил домот од Касандра Петерсон, актерка која е најпозната по улогата на симпатичната вештерка Елвира од филмот „Елвира, љубовница на темнината“, а таа го купила соседниот дом и живеела до него со години. Подоцна, Бред го проширил својот имот купувајќи многу од соседните домови.
– Мислам дека имаше околу 22 куќи куќи кои беа близу до работ на имотот. И секој пат кога имаше можност, тој купуваше по една – изјави Петерсон за списанието „Пипл“.
Таа откри дека во еден од домовите што ги купил Бред, живеел деведесетгодишен вдовец.
– Тој беше многу, многу љубезен кон соседот. Неговата сопруга почина, а Џон остана да живее сам. Знам дека Бред му дозволи да живее таму без да плаќа кирија и сметки, до неговата смрт. Беше некако смешно бидејќи Џон живееше 105 години.