• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Забременување Сакам бебе

Најчесто цистите не даваат никакви симптоми и се откриваат при рутински ултразвучен преглед

by РиД 06/03/2022 0 Comment
 Најчесто цистите не даваат никакви симптоми и се откриваат при рутински ултразвучен преглед
фото:pixabay

Најголем дел од жените ќе се сретнат со некој вид цистична промена на јајчникот во одреден период од својот живот, без да почувствуваат одредени симптоми. Најчести се функционалните цисти кои се создаваат како последица на нарушување на нормалните циклични промени во јајчниците и во овулацијата. Настануваат доколку нормалните фоликули не успеат да прснат во текот на овулацијата, при што течноста останува и фоликулот продолжува да расте, со што настанува перзистентна фоликуларна циста. Според стручните лица тие вообичаено исчезнуваат без никаков третман за неколку недели до неколку месеци.

Освен нив постојат и:

Ендометриотични или чоколадни цисти – Ендометриозата на јајниците значи постоење  на ендометриум во самиот јајник (дел од матката кој циклично се менува во тек на еден менструален циклус) и во тек на мензис крвари во самиот јајник. Со тек на време добива темно-црвена (кафеава) боја и затоа овие цисти се нарекуваат и чоколадни. Жените што имаат ендометриоза може да имаат проблем со забременување, хронични болки во долниот дел од стомакот поврзани со менструалниот циклус, како и болки при сексуален однос.

 Дермоидни цисти – Претставуваат едни од најчестите тумори кои се јавуваат кај помлади пациентки и содржат ткива од други делови на телото, на пример коска, коса, ’рскавица во цистичната структура на јајчникот.

Неопластични цисти на јајчниците – израснуваат од несоодветен, прекумерен и неконтролиран раст на клетките на јајчникот. Малигните неоплазми може да се формираат од сите типови клетки на јајчникот, но најчести се од површниот епител. Понекогаш може промената на јајчникот да е последица и на метастаза од тумор кој потекнува од друг орган.

Полицистичен синдром на јајчникот – Ова е едно од најчестите хормонални нарушувања кај жената. Дијагнозата се поставува при ултразвучна детекција на јајчник, обично е поголем од нормалниот, со многу мали фоликули, обично повеќе од 12 на јајчник. Кај овие жени освен присуството на цистите, присутни се и хормонални нарушувања, нередовни менструални крвавења, знаци на зголемена продукција на андрогени хормони (појава на акни, масна кожа, зголемена влакнетост), отсуство на овулации, неплодност, дијабетес.

 

Симптоми и дијагноза

Најчесто цистите не даваат никакви симптоми и се откриваат при рутински ултразвучен преглед. Кај оние што имаат симптоми, во зависност од нив може да се ориентираме за каков тип на промена станува збор. Циклична болка поврзана со менструацијата обично нè насочува на ендометриоза. Остра и силна болка, кој се јавува одеднаш, укажува на прскање на цистата или на нејзино увртување. Ако постојат  поголеми цистични формации, може да се појават и симптоми од околните органи на кои притиска цистата и да се појават проблеми со мокрењето доколку цистата притиска на мочниот меур, но и проблеми со празнењето на цревата доколку цистата притиска на дебелото црево. Во понатамошните иследувања се вклучуваат: туморски маркери, компјутерска томографија, магнетна резонанца и тест за бременост доколку постои сомневање за бременост надвор од матката.

 

Третмани на цистите

Конзервативен – Поради тоа што функционалните цисти се најчестите не претставуваат закана за здравјето на пациентката и вообичаено самите исчезнуваат, третман на овие цисти ретко кога е потребен. Потребно е нивно ултразвучно следење и евентуално хормонска терапија за да се регулира менструалниот циклус и да се превенира формирањето перзистентни фоликуларни цисти.

Оперативен – Во болница се прави лапароскопска операција низ мали отвори од 5 до 10 мм на стомакот на пациентката се влегува во стомачната празнина со камера и директно се визуализираат органите. Во текот на овој преглед се прави процена на цистата, на јајчниците и на другите органи, по што со микрохируршки инструменти цистата се отстранува, а отстранетото ткиво потоа се анализира и се одредуваат видот на цистата, степенот на болеста и потребата од евентуален понатамошен третман. Доколку станува збор за големи малигни промени, се пристапува кон класичен оперативен пристап.

 

 

 

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 910

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: лекување операции цисти
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved