Најлошите особини на хороскопските знаци
Еве што вели астрологијата, кои се најлошите особини на секој хороскопски знак.
Овен
Отворено им покажува на луѓето дека не ги сака и дека не му се симпатични. Тоа е знак кој реагира на „прва топка“, импулсивно и тврдоглаво се држи до своите ставови, без разлика колку се погрешни. Не признава аргументи, туку слепо се држи до своите врежани ставови.
Бик
Тој е тврдоглав и не сака никој да му кажува што може да смени за да си го подобри животот. Тие се познати „сезнајковци“, за сè знаат најдобро, а една од нивните најлоши карактеристики е мрзливост. Покрај тоа се и материјалисти. Сакаат да живеат лагодно, но со малку труд, затоа ќе ги искористат сите можни средства за да дојдат до богатство.
Близнаци
Близнаците сè почнуваат да работат со голема радост и ентузијазам, но, тоа не ги држи долго, па брзо се откажуваат. Немаат многу верба во себе и своите способности. Доволно е некој да им каже само една лоша реченица и тие веќе се откажале од своите планови. Ова е знак кој многу се плаши од здодевност и постојано е во потрага со што ќе се занимава и што ќе работи. И така во круг.
Рак
За Раковите најголема пречка се силните емоции. На животот не гледаат од ведрата страна, туку во сè гледаат нешто лошо и непоправливо. Песимисти се и често го менуваат расположението, во сè се сомневаат, а кон луѓето се неповерливи. Со нив треба да се биде многу внимателен и да се води сметка за нивните чувства.
Лав
Лавот е арогантен егоист. Во сè мораат да бидат главни и во центар на внимание, а ако тоа не е така, тогаш стануваат љубоморни. Тие сè мораат да добијат веднаш и сега и многу е тешко да ги убедите да прават нешто поинаку од тоа што замислиле.
Девица
Кај Девиците мора сè да биде перфектно и ги бие глас дека се брутално и сурово искрени, што често им прави проблеми во животот. Но, Девиците се такви – „што на ум, тоа на друм“. Не знаат да ласкаат и се додворуваат. Тешко се прилагодуваат на промени и немаат добро мислење за личностите кои не размислуваат како нив.
Вага
Вагите се неодлучни и најтешко им е кога мораат да донесат некоја одлука. Тогаш им прават проблем и на сите околу себе, бидејќи одат и се распрашуваат, бараат совети, зборуваат со сите за својот проблем. Вагите мораат да имаат силен мотив или некој кој ги мотивира бидејќи многу брзо губат интерес.
Скорпија
Скорпиите се познати по љубомората на секого: роднини, пријатели, колеги, партнери. Своите емоции и планови ги кријат и се многу таинствени, а сè со цел да можат да манипулираат со другите личности.
Стрелец
Често е претерано самоуверен, но, знае да биде невнимателен кон работите кои ги извршува, особено кон луѓето. Се однесува како ништо да не му значат другите луѓе. Склони се кон промени на мислењето, па најчесто тоа се луѓе кои често менуваат школи, професии и занимања.
Јарец
Многу е срамежлив и најдобро се чувствува во кругот на луѓето кои добро ги познава. Тврдоглави се и песимистични и поради тоа тешко наоѓаат внатрешна мотивација.
Водолија
Оди од крајност во крајност: или е рамнодушна или тврдоглава во реализација на своите идеи. Поради тоа се непредвидливи и од нив никогаш не очекувајте да бидат доследни во своите ставови. Тоа кај нив често се менува.
Риби
Рибите бегаат од одговорност, тоа се луѓе кои го игнорираат проблемот и се однесуваат како ноеви: ја забиваат главата во песок и се прават дека нема проблеми. Тоа е затоа што се чувствителни и не знаат да се соочат со реалноста.