Најзлобниот хороскопски знак: ви се смешка во лице, а не ви мисли добро!
Некои луѓе едноставно не ги сакаат другите, им пречи кога други зборуваат, мрзат да им поставувате било какви прашања и генерално најмногу би сакале да се сами на светот. Негативните коментари се кон сè и секого и би можело да се каже дека се вистински намќори.
Астролозите велат дека таквите луѓе најчесто се раѓаат во овој хороскопски знак.
Скорпија
На прв поглед оставаат впечаток на надмена личност, сакаат соговорникот прво да се докаже. Да утврдат дека можат да му веруваат, па дури потоа ќе го спуштат гардот. Иако оддаваат впечаток дека имаат многу самодоверба, претставниците на овој хороскопски знак, својата несигурност ја кријат глумејќи силни личности. Токму поради таа несигурност, се јавува љубомора и омраза кон оние кои се подобри од нив.
Скорпиите често сплеткарат и подготвени се да направат сè за да стигнат до целта. Ако се замерите со нив или им се причини дека не сте на нивна страна, подобро бегајте од нив. Бесот на Скорпијата брзо ќе го почувствувате. Тие не простуваат предавство и подготвени се да се одмаздат на било кој начин. Скорпиите не простуваат и кај нив не постои втора шанса. Лесно е да ги изнервирате и да ја предизвикате нивната омраза, па се еден од оние хороскопски знаци со кои не е лесно да се соработува или дружи.