Наоми Кембел прв пат ја покажа ќеркичката
Во големо интервју за британското списание „Вог“, Наоми Кембел(51) прозборе за ќерка ѝ. славната манекенка минатата година во мај стана мајка, а сега вели дека и покрај озборувањата, нејзината ќерка не е посвоена.
– Таа не е посвоена, туку е мое дете – вели манекенката, која не сака да зборува за таткото на девојчето.
Наоми вели дека мајчинството е најубавата работа која ѝ се случила. Веста за тоа да стане мајка не ги изненади само нејзините обожаватели, туку и блиските.
– На една рака можам да ги избројам луѓето кои знаеја дека чекам бебе- вели Наоми , која зборуваше и за плановите во кариерата.
– И понатаму сум вљубена во манекенството, но како стареам тоа ме прави понервозна. Сега имам 51 година и шетам на пистата со 18 годишни девојки. Сепак, морам да кажам дека и често ги критикувам. Баш неодамна реков: „Ајде девојки, малку поенергично! Дигнете ги стапалата малку од земја. Ми се чини дека во времето на врвот од мојата кариера бевме посреќни. Постојано имавме насмевка од уво до уво. Имавме слобода на пистата да бидеме свои, не моравме да бидеме униформирани – вели Наоми.
За потсетување, Наоми преку Инстаграм ги изненади сите со објавата дека танала мајка. И понатаму одбива да го открие името на девојчето, а вели дека е „почестена што може да учествува во одгледувањето на малата и прекрасна душа“.
View this post on Instagram