Многу лесно можете да го научите семејството да се храни здраво
Се обидувате да го натерате вашето семејство да ја прифати вистински здравата храна? Може да биде тешко, но не и невозможно. Обидете се со овие совети за да го поттикнете вашето семејство да јаде вистинска храна.
Кога ја воведувате идејата за префрлување на вистинска исхрана со здрава храна, бидете јасни за тоа што е и што не е вистинска храна. Многу луѓе ја поврзуваат „здравата храна“ со „прехранбените производи без вкус“, но како што знаеме тоа е спротивно од вистинската храна. Вистински здравата храна е храна која се одгледува и собира за да биде поприродна и свежа. Почнете со омилените јадење но со поинакви, свежи и здрави состојки. Заменете ги стандарните месо и млечни производи со месо одгледувано на пасишта и млеко и путер од локалната фарма, а јајцата од фармите со органски одгледуваните. Овие промени во исхраната можат да имаат огромно влијание на вашето здравје, како и на здравјето на другите членови од вашето семејство, иако на почетокот можеби нема да го забележат тоа.
Заменете по еден конвенционален производ со друг и направете целосно нова верзија на некој омилен рецепт, барем еднаш неделно. Еднаш кога семејството ќе почне со детоксикација од сите рафинирани соли, шеќери и адитиви во процесираната храна, ќе почнат да забележуваат колку е повкусна вистинската храна.