Марго Роби била трет избор за улогата на Барби
Филмот за Барби на Грета Гервиг се најде на насловните страници во последниве неколку дена, бидејќи трејлерот штотуку дебитираше на интернет. Во ова верзија Марго Роби и Рајан Гослинг ги глумат Барби и Кен, но, сега се дозна дека две други актерки биле планирани за насловната улога.
Прв избор, во 2017 година кога филмското студио „Сони“ го развиваше проектот, била Ејми Шумер, која набрзо се отажала од проектот, а како причина го навела веќе закажаното снимање за филмот „Се чувствувам убаво“ . Подоцна Ејми подетално објасни што била вистинската причина.
– Тие дефинитивно не сакаа да го направат тоа како што јас сакав, единствениот начин на кој јас бев заинтересирана да го направам тоа – изјави Ејми за THR и појасни дека со нејзината партнерка во пишување на сценариото, Ким Карамеле, ја напишале Барби како „амбициозна пронаоѓачка“, додека студиото побарало нејзиниот изум да бидат високи потпетици направени од желатин. Идејата да ја претстават Барби како плитко-умна и наивна девојка не ѝ се допаднала и таа се откажала.
Следен избор била Ен Хатавеј и до 2020 година беше планирано да се заврши проектот. Но, во октомври 2018 година договорот на „Сони“ за снимање на филмот истече и тогаш „Ворнер брос ја презеде работата и почна да го развива проектот. Нивен избор беше Марго Роби, а колку добро ја одигра улогата, обожавателите на „Барби“ одвај чекаат да видат.
View this post on Instagram